April 18, 2024, 11:07 pm

ГРУЕВСКИ:ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко,доколку Заев мрдне од патот за кој има потпишано гаранции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добро е што со здружени напори, напори на граѓаните кои што секојдневно 70-80 дена протестираа, напори на ВМРО-ДПМНЕ и на нашата пратеничка група, напори на претседателот на државата, со здружени напори успеавме да дојдеме до ситуација кога Зоран Заев беше принуден, ставен во ќош да потпише еден таков документ, како што никој досега кој што барал мандат од претседателот, ниту имало потреба, ниту се помислувало да има потреба да го потпише, но имајќи ги во предвид неговите ставови и ветувања, се покажа како неопходно.

Ова ги истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи го потпишувањето на гаранциите на лидерот на СДСМ Зоран Заев кај претседателот Ѓорге Иванов, за доделување на мандатот за формирање Влада.

-Така што со потпишувањето се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата и тоа е одлично, тоа е многу добро, затоа што тоа и беше главната цел, да се спречи разградување на унитарноста на Република Македонија, нешто што гледавме од изјавите и на самиот Заев и во Сараево и во други негови изјави, како и од изјавите на ДУИ, претставниците на ДУИ и на други партии од албанскиот блок, дека беше тргнато во тој правец, изјави Груевски.

Тој напомена и дека македонската јавност добро го познава Зоран Заев, дека не може да му се верува на зборот. Како што кажа Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со отворени очи и доколку Заев мрдне од патот за кој има потпишано гранации, тие ќе реагираат жестоко.

-Второ што е значајно да се каже е дека сепак, Зоран Заев македонската јавност добро го познава и сите ние знаеме дека претпладне знае да каже едно, попладне друго. На едно место да вети едно, на друго место друго. Треба да останеме со отворени очи и доколку измрда, тргне кон друг пат, различен од оној за кој вчера даде гаранции и ветувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко во склад на демократските можности и ќе се спротистави, а верувам дека тоа и сите други ќе го направат тоа. Така што, заклучокот е дека е одлично што дојде во ситуација да мора да го потпише ова и да го прочита пред сите граѓани, а исто така важно е да продлжиме да ја следиме ситуација за да не дојде до застранување повторно од овој правец, изјави Груевски.

Груевски кажа дека се што се случувало во изминатиов период, немало да се случи, доколку Заев преку разни комбинаторики и ветувања за остварување на Тиранската платформа. Многу непријатности ќе беа избегнати доколку Заев ја прифатеше понудата на победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ. Тој напомена и дека партијата има план и дека имаат подготвени чекори за понатака.

-Инаку, што се однесува до ова, мислам дека се што се случуваше, можеше и да не се случи во изминатиов период. Иако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, доколку Зоран Заев преку разни комбинаторики и разни ветувања за остварување на Тиранската платформа, не ја доведеше земјата и народот во ваква ситуација, немаше многу работи да се случат, немаше да има потреба од 80 дневни протести, немаше да има потреба од незаконско, противделовничко, противуставно бирање на претседател во Собранието на Македонија. Немаше да има потреба и немаше да се случат, немаше да бидат предизвикани инцидентите што се случија во Собранието, ќе се избегнеа многу други непријатности доколку тој не прибегнеше кон еден ваков начин, или пак доколку ја прифатеше понудата на ВМРО-ДПМНЕ, со која што му се даваше можност да ја формира владата, а притоа да се откаже од спроведување на Тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане будни, ние имаме план, ние знаеме што правиме, имаме подготвени чекори и во правец на зачувување на унитарноста и во следење на овој проект и генерално понатаму. Така што ќе продолжиме со енергични чекори, ќе продолжиме со динамика на нашите планови, кои што чекор по чекор натака ќе ги објавуваме, изјави Груевски.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This