ГРУЕВСКИ:Нашиот грев е што цели 11 години бевме на браникот на одбрана на државните и национални интереси на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ  потенцираше дека како никогаш досега во историјата на Република Македонија, па не и на цела Европа не се случило вакво класично политичко гонење на политичките противници. Стотина лица кои се дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне.

-Нашиот грев е што цели 11 години бевме на браникот на одбрана на државните и национални интереси на Македонија, што оддолеавме на многу притисоци и закани поврзани со името на државата, името на нацијата и јазикот, со идентитетот на македонскиот народ, што одолеавме на неприфаќање на потпишување на разни штетни за нашата нација договори или пак спроведување на платформи на туѓи држави, што се боревме за унитарноста на нашата држава, што се боревме да ја задржиме државата како што ја сака народот, а не како некои други што ја посакуваат. И што некој друг прифатил поинаку, и што не знаел како тоа да го изведе при силна и цврста ВМРО-ДПМНЕ со над 170.000 членови и 455.000 гласачи, рече Груевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This