ГРУЕВСКИ БИЛ ВО ПРАВО: Topтуpaта врз Јане Ченто докажува дека власта подготвувала и ливкидација на екс-премиерот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс премиерот, Никола Груевски во првото свое Фејсбук писание од Унгарија го потенцираше фактот дека во изминатите денови, недели и месеци добивал десетици заканувачки пораки, дека ќе биде убиен. Од наши извори дознаваме дека најголем дел од заканите до него се поврзани со неговата двегодишна затворска казна која тој требаше да почне да ја отслужува во Македонија, односно дека во моментот кога ќе влезе во затвор неговиот живот ќе биде одземен.

– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, напиша тој на Фејсбук.


Можете да замислите како Груевски ќе се најдеше во ист затвор со терористите од Диво Насеље и сите они криминалци кои завршиле во затвор изминатите години додека тој беше премиер. Дополнително јасна е спрегата и помеѓу затворските чувари и директорот на затворот кои се кадар на СДСМ, а кој во овие моменти се иживуваат со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и особоено со обвинетите за 27 април.

Еклатантен пример за иживувањето врз политичките затвореници во Македонија е примерот на Јане Ченто.

Имено тој во телефонски разговор со новинарот Миленко Неделковски, кој беше објавен во неговата емисија, Јане Ченто, внук на народниот херој Методија Андонов – Ченто сведочеше за напад кој врз него го извршиле вработени во „Шутка“

– Дојдоа на пpeтpec, на контрола и ме нaпaднaa едно 10-тина командири. Ме прашуваа кој ми ги носи телефоните, и кога им кажав дека тие ми ги носат телефоните за по 200-300 евра, заедно со директорот и Жарко заповедникот и Сашо заповедникот. Ни ги носат тие лично телефоните на зaтвopeницитe овде по 200-300 евра, а после влегуваат по ќелии и ни ги земаат телефоните.“ – сведочи од зaтвop Јане Ченто.


Да потсетиме дека Груевски доби азил од Унгарија врз основа на тоа што во Македонија се спроведува политички прогон. Неговиот азил добиен од земја членка на Европската Унија и го потврди ваквиот факт. Во самото образложение зошто унгарската држава му го одобри азилот на Груевски, лошото судство и затвори беа наведени како клучна причина.

Македонија има лошо правосудство и очајни услови во затворите изјави Шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оценки. Токму овие параметри, како што вели Гулаш, се земаат предвид во постапката за добивање азил во Унгарија.

Груевски беше во право, за Тиранската платформа, за промената на името ги предупреди македонските граѓани што и се припрема на Македонија, но Груевски беше во право и дека доколку останеше во Македонија тој ќе беше убиен

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This