ГРУЕВСКИ: Владата и СДСМ да престанат да ги кочат градбите и развојот на Македонија за да покажат дека се почнува од нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нека престанат да ги кочат градбите и развојот на Македонија за да покажат дека се почнува од нив. Нека сработат и нешто ново, што тие ќе го започнат. Македонија мора да оди напред, а не власта со интриги да гради перцепција за себе дека се од неа почнало, а всушност се со неа се закочи, пишува Груевски во статусот на Фејсбук.
Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на социјалните мрежи пишува дека следна епизода после оваа со Штип-Радовиш ќе биде експресниот пат Штип-Кочани, кој почна со градба пред доаѓањето на власт на СДСМ, чија градба веднаш ја запреа кога дојдоа на власт, со слични изговори како за автопатот Демир Капија-Смоквица, и цела година се одлага натамошната градба.

-Потоа ќе следи градбата на новиот експресниот пат кон бугарската граница, Ранковце- Крива Паланка, со дополнителни проширувања на патот Крива Паланка-бугарска граница, кој беше речиси во иста завршна фаза на подготовка за градба како експресниот пат Штип- Радовиш.

И на крај експресниот пат Охрид- Пештани, чија градба ја запреа преку еколошки друштва со образложение дека некои чавки летале од Африка кон северна Европа, и баш тука каде требаше да почне градбата на патот правеле кус одмор.

Оној пак експресен пат Прилеп- Градско, кој веќе цела година се градеше не можеа да го запрат, но кажаа дека го спасиле со тоа што исправиле некакви грешки кои всушност непостојат.

А всушност оној министерот од Прилеп се пресмета дека не му одговара да се пролонгира градбата бидејќи секој втор ден се вози по сегашниот стар пат.

За сите овие 5 експресни патишта имаше 3-4 години макотрпни и неизбежни подготвителни работи, геодетски истражувања на земјиштето каде ќе се гради, дизајнирање, правење проекти, експропријации, преговори и обезбедување кредити од Светска банка, ЕБРД или ЕИБ, спроведување постапки за јавна набавка итн.

Нека престанат да ги кочат градбите и развојот на Македонија за да покажат дека се почнува од нив. Нека сработат и нешто ново, што тие ќе го започнат. Македонија мора да оди напред, а не власта со интриги да гради перцепција за себе дека се од неа почнало, а всушност се со неа се закочи, пишува Груевски во статусот на Фејсбук.

Следна епизода после оваа со Штип-Радовиш ќе биде експресниот пат Штип-Кочани, кој почна со градба пред доаѓањето на…

Posted by Nikola Gruevski on Monday, June 4, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This