ГРУЕВСКИ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ до последен ден ќе работи да ги исполни барањата на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе следната недела Владата планира објавување на конкурс за компании во Македонија кои ќе се пријават да добијат речиси бесплатно странски експерт кој што ќе престојува недели или месеци во нивната компанија и врз основа на своите долгогодишни искуства во областа на одредена фабрика или компанија да им ги пренесе најдобрите практики и искуства што ги стекнал во многу развиени држави, вели Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска беше во работна посета во градот Кратово.

gruevski-640x398

-Морам да потенцирам дека владата на ВМРО-ДПМНЕ до последен ден ќе работи да ги исполни барањата на граѓаните, до последен ден ќе работи за да ја подобри состојбата и животот на граѓаните и од тие причини се очекува овој оглас да излезе следната недела и ќе трае 45 дена и во кој што сите компании во Македонија кои што се квалификуваат за тој оглас ќе може да се пријават и да побараат државата да обезбеди странски експерт за нивната компанија, потенцираше Груевски.

Тој истакна и дека без разлика за која област и да се работи за модернизирање на производството, маркетинг или пак за менаџментот проектот продолжува бидејќи досега го искористиле над 100 компании, овој проект ќе им помогне на компаниите да растат, да се развиваат и да се отвораат нови работни места.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This