ГРУЕВСКИ: Владата на Македонија ќе работи во тесна комуникација и ќе соработува со администрацијата на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мандатарот на новата Влада и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјавил за „Телеграф“ дека владата на Македонија ќе работи во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Трамп.

gruevski-tramp640

Светот нема да биде ист, работите започнаа да се менуваат, следат нови позиционирања,  коментираат светските аналитичари по првите неколку дена од стапувањето на функцијата Претседател на САД од страна на Доналд Трамп, пишува Телеграф.мк.

Иако дел од домашните анaлитичари коментираа дека нема да има прoмени во политиката на САД, тие не само што се случуваат туку се и многу видливи.

Новиот американски претседател Доналд Трамп на првиот работен ден веднаш по сите свечености во Овалната канцеларија во Белата куќа донесе две важни одлуки.

Со првата тој ги сопре сите регулативи од претходната администрација донесени во последниот период на владеење кои се уште не се официјализирани што е речиси стандардна процедура со цел новата влада која тој ја предводи да може да „заземе корен“.

Втората пак е одлука со која им наложи на сите агенции да го намалат товарот врз буџетите за здравствена нега, особено за познатиот Обамакер.

Наредно на агендата според портпаролот Спајсер е претседателот Трамп покрај со Меркел, телефонски да разговара и со лидерите на Русија која предходно најави контакти меѓу Владимир Путин и Трамп како и со претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека победата на републиканецот Доналд Трамп на американските претседателски избори и гласањето за излез на Велика Британија од ЕУ, означуваат нова ера на длабоки промени во светот и Британија мора да се адаптира на сегашноста.

Првата официјална средба на Трамп беше токму со премиерката на Британија Меј. Таа изјави-Не смееме да се навратиме на неуспешните политики во минатото. Деновите кога САД и Велика Британија интервенираа во суверени држави со цел да го направат светот по нивна замислена слика, се дојдени на својот крај.

И Балканот започна да се прилагодува на новите промени. Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека Хрватска има доста простор како партнер на САД да направи многу, не само за себе туку и за целиот простор на Југоисточна Европа, секако и за евроатланската заедница.

Премиерот на Словенија Миро Церар честитајќи му го изборот на Доналд Трамп, истакна дека САД се светски лидер, кој има одговорност кон целиот свет и дека се надева дека САД ќе настојува да соработува со Европа. Церар го нагласи и словенечкото потекло на првата дама на САД Меланија Трамп, повикувајќи ги заедно да ја посетат Словенија.

Македонија исто така има свои очекувања од новата администрација на САД, особено по турболентниот политички период низ кој поминува и целите кои ги има зацртано. Мандатарот на новата Влада и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за Телеграф по повод очекувањата и промените кои се случуваат на глобалната карта изјави ”Владата на Македонија ќе работи во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Трамп, за остварувањето на стратешките цели на државата. Наша приоритет и цел останува членството во НАТО и во Европската унија при што важна е соработката со нашите партнери САД и Европа”, изјави Груевски.

Во редакциската анализа на City News од Тирана стои дека Албанците во Македонија ги интересира зачленувањето во НАТО како битен стратешки фактор, а ВМРО може да најде заеднички јазик соГрција со посредство на американската администрација наТрамп со која Груевски е во добри односи со Мајк Пенс., стои во анализата на City News.

“Ќе бараме пријателство и добра волја кон сите нации во светот, но, притоа, подразбираме дека и другите нации имаат право да ги стават своите интереси на прво место. Нема да се обидуваме да го наметнеме нашиот начин на живот на никого, туку ќе оставиме нашата земја да служи како пример кои другите ќе можат да го видат и следат.”, изјави Трамп во својот инаугурален говор во Вашингтон, во порака која беше разбрана како значителна промена на досегашната американска политика.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This