ГРУЕВСКИ ВО ЗАВРШНИТЕ ЗБОРОВИ: Јас и моите соработници сме нападнати со политички монтирани случаи, за власта да ја редифинира државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска Основниот суд Скопје еден донесе пресуда за случајот „Триста“ на СЈО, обвинетиот Ѓоко Поповски доби 9 години затвор.

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, кој е обвинет во случајот „Тенк“, каде пресудата ќе биде објавена утре, кажа дека овие процеси, се класични и чисти политички судења, во кои се нападнати тој и повеќе негови соработници.

Груевски завршните зборови вели дека целокупната операција за рушење на неговата власт траела неколку години со цел да се промени уставното име на државата. Тој потенцира дека судот под притисок нелегално стекнатите снимки мора да ги третира како легални, иако тоа е спротивно на законот.

-Освен наше рушење овој прогон има и цел за притисок врз нас, врз опозицијата и врз македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои не се согласуваат со редефинирањето на државата, откажувањето од националните интереси и решение на спорот за името по терк на јужниот сосед. Колку повеќе течат преговорите за името, колку повеќе се објавуваат остапките на македонскат влада во тие преговори, случајно или не, толку почести се рочиштата за овие измислени и апсурдни судења, и еве денес случајно или не во исто време во ист ден, па дури и во ист час, започнаа едни од финалните преговори помеѓу премиерите на Македонија и Грција, и финализирањето на овој случај, кажа Груевски во своите завршни зборови, па продолжува.

-Овој фабрикуван предмет, во кој нема никакви докази против мене, се одвиваше мошне брзо, можеби најбрзо во историјата на македонското судство од независноста до денес. Почна во февруари, завршува во мај. Во предметот сум обвинет за сакање. Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон, кажа Груевски.

Груевски побара колку и да е судот под притисок и како таков ставен во фунција на целта на власта за редифинирање на државата кое го прави сегашната власт според него, правдата порано или подоцна ќе излезе на површина.

Јас и покрај сите објавени новинарски натписи, особено оние на медиуми кои одблиску и секојдневно го следат судството, и покрај срамните изјави на премиерот и мој повеќе годишен политички конкурент, кој пред една недела со политички речник во изјава за медиумите веќе најави дека овој суд ќе ме прогласи за виновен, како да сакаше да покаже дека го контролира и управува судот и Вас во судот, што пак само даде поткрепа на претходните медиумски натписи, сепак сеуште верувам дека овој судски совет сепак ќе најде сили да покаже интегритет, цврстина, чесен однос кон својата професија, чиста совест и професионално однесување.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This