ГРУЕВСКИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: СДСМ спроведе избори со поткуп и закани, горди се дека ќе ги зголемат даноците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имате кандидат кој е проверена работа, човек кој што знае да работи, човек кој што сака да работи, човек кој се докажа, човек кој го градеше своето работно искуство и во Скопје, во рамки на министерството за образование, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Македонска Каменица.

 

-Дарко во последниве години направи многу проекти за кои вие сте свесни. Тој ја исполни програмата целосно 100 %, а и многу повеќе од тоа. Каменица доби одличен градоначалник, нема простор да се размислува за нешто друго, нема простор за експерименти. Имате човек кој знае да работи и многу ја сака оваа општина, кој ги сака овие луѓе. Тој се покажа во минатиот период. Со негова соработка се издејствува концесиите од рудникот да доаѓаат во буџетот на општината и со тие пари да се инвестира за поквалитетен живот тука за вас. Навистина, било кој експеримент ќе биде лош затоа што имате таков солиден градоначалник  што било каква друга одлука ќе биде голема грешка и непоправлива понатаму, им порача Груевски на граѓаните на Македонска Каменица барајќи ја од нив поддршката за кандидатот за градоначалник Дарко Митевски.

Груевски посочи дека актуелната власт изминатиов период втерува страв, покажува агресија, ја злоупотребува полицијата.

-Со тоа беше одбележан првиот круг од изборите на кој многу граѓани беа заплашени и имаше многу поткуп. Тоа беше една димна завеса за да не се види реалната слика во која живее народот. Погледнете како овие 5 месеци додека се на власт повеќе нема проекти, не се зборува за економски достигнувања или за некои нови инвестиции. Нема веќе нови спортски сали, нема нови училишта, нема фабрики, нема водоводи, нема нови канализациски мрежи. За пензионерите кои ги измамија и за нови проекти во земјоделието и да не зборувам. Не само што нема, туку и почнаа да кратат субвенции најавувајќи дека од следната година тој што има помали приноси нема да добие субвенции. Го укинаа покачувањето на пензиите. Не само што нема нови проекти туку нема ни во најава проекти. Немаат нов проект, а ги кочат тие што ние почнавме да ги градиме. Покажаа дека се неработници. Згора на се без срам, се фалат дека ќе ги зголемеле даноците. Јас знам  едно време и ние се фалевме дека ќе ги намалиме и ги намаливме даноците, ама да се фали Владата дека ќе зголеми даноци тоа не можам да го разберам. Денес слушнав изјава на потпретседателот на Владата, Анѓушев, вели дека „зголемувањето на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на компаниите, дури и од корист ќе им било“. Јас такво нешто не сум чул можеби човекот да конкурира за некоја Нобелова награда, некоја нова теорија е ова. Во светот паѓаат влади која ќе најават зголемување на даноци и кога ќе ги зголемат. Во Македонија, Владата се гордее дека ќе ги зголеми даноците. Дека ќе плаќате персонален данок повеќе што значи дека од вашата бруто плата ќе оди повеќе за државата, а помалку за вас. Дека можеби и ДДВ ќе се зголемува што значи дека цените ќе се зголемат, дека данокот на добивка може да се зголеми, тоа значи фирмите во кои работите профитот кој ќе го направат ќе им се намали и наместо да ви ги зголемат платите тие пари ќе ги дадат на државата. И со тоа се гордеат, посочува Груевски.

Тој потенцира дека откако СДСМ е на власт нормалното станува ненормално, а ненормалното-нормално.

-Видовме како спороведуваат избори. Нема да зборам само за пукнатиот череп на градоначалникот на Шуто Оризари, за убиениот носител на советничка листа, за искршените штабови, за измислените кривични пријави против градоначалниците. Ќе ви пренесам едно искуство од она што се случува сега на терен. Илчо Захариев од Штип ми вели „Се борам против цела Влада и цела полиција. Ме следат и првиот ден после првиот круг ми упадна финансиска полиција“. Го следат секој ден со цивилни коли, им влегуваат по домовите кои тој ќе ги посети. И методот е ист, ако не успее поткуп, следува закана или уцена. Тони Трајковски од Гази Баба ми вели „Со денови еден ист човек дели пари во Јурумлери и околните населени места. Среде бел ден и мака си нема. Пријавив во полиција, нема реакција. Ги информираме набљудувачките мисии, но тие се неми“. Во Новаци им се заканувале дека ќе ги избркаат од РЕК Битола, а во скопски Бутел полицијата, активистите на СДСМ и криминалното подземје се едно исто исповрзани и во најголемо партнерство. Тоа е слика во скоро секоја општина каде има избори во вториот круг. Така беше и во првиот круг, порача Груевски.

 

Освен за политичката ситуација, Груевски пред граѓаните на Македонска Каменица говореше и за проектите од новата програма со која ја бараат довербата.

Во 2006 година кога дојдовме на власт во Македонска Каменица работеа околу 800 луѓе, а заклучно со 2016 година вработеноста во Каменица изнесувала 1.800 вработени и ова е зголемување на вработеноста за 120 проценти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.

 

-Вака се работи, а не да се продава ветер и магла и живот, треба да се обезбеди работа, квалитетен живот плата како и услови за живеење и развој за семејството. По победата на овие избори за учениците од прво до петто одделение ќе се обезбеди бесплатен здрав оброк кој ќе го финансира општината, а на тој начин родителите ќе добијат растеретување на нивните буџети. Општината и градоначалникот Дарко Митевски ќе обезбедат можности за стекнување на граѓаните со сопствен дом за оние кои што го немаат по симболична цена за само едно евро за квадрат, а ќе се укинуваат и трошоците и комуналиите за градење на куќи. Освен тоа ќе се отпишуваат и долговите за социјално ранливите категории заклучно со септември 2017. Нудиме концепт во кој ќе нема неосветлена и неасфалтирана улица и каде ќе има парк во секое маало, а ќе се изградат нови и ќе се реконструираат постоечките улици, потенцираше Груевски.

Тој додава и дека ќе се изгради и пречистителна станица на Каменичка река, а ќе се изградат и нови водоснабдителни системи во  руралните средини, а ќе се реновира и училиштето „Свети Кирил и Методиј“ и ќе се отвори нова детска градинка.

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This