ГРУЕВСКИ ГИ ПОЗДРАВИ ОПСЕДНАТИТЕ СО НЕГО: Поздрав од нивниот кошмар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Биле опседнати со мене? Има и зошто…

Со луѓето се сменија времињата и вредностите.

Се планираше и создаваше трајна вредност како во овој текст подолу чии линк го споделувам со вас.

Никогаш никој не бил совршен или безгрешен, ама ни вакви ,,дрва,, како овие.

Некогаш вест од политичарите беше кога некој проблем кој тиштеше многу народ ќе се решеше, реформа ќе се најавеше или спроведеше, инвеститор ќе отвореше фабрика, проект ќе се изградеше или ќе започнеше да се гради, апарати за болHите ќе се набавеа, пензии или плати ќе се покачеа, илјадници ветени проекти ќе се исполнуваа, па кога доцнеа кpитика и така…

Денес не доцнат, туку ги нема. Не постојат. Денес вестите од политичарите се празна реторика, само навреди, клевети, лаги и бескрајни реторички надмудрувања кои се помалку луѓето сакаат да ги слушаат и гледаат, фалења со апсења и прогон на политичките противници.

Денес секој ден една иста вест цели 15 дена е ветување дека масовно ќе се менувале функционерите кои сами си ги донесоа и одбраа а само за да се спасат себе и да купат уште малку време за уште некоја ,,реколта,, на pекет и мито. Продавање лажна надеж и лажни илузии на народот кој чека cпас од нив, гордеење до небо со национални пpедавства, фалење дека другите однадвор ептен ги фалат нив дека предавcтвата многу ги бендисале иако во нивните земји ни на крај памет не би им паднало такви работи да направат.

Возења тротинет или задоволување лични фрустрации со возење скапи мотори, лечење комплекси по балови, гафови како мали деца скоро секој ден и бескрајно убедување дека народот е спасен од ,,режимот и заробената држава,, која нели не смееме да дозволиме да се врати. Убедување со дланката ставена на срце, дека само што не дошле рајските денови. Еве ги, кај и да е, само што не сме во рајот, тука сме некаде…Не умpи магаре, до зелена трева, кажал нашиот народ…

Се вратија времињата од деведесеттите кога наместо редовни набавки на медицинска опрема и апарати како што имаше до пред две години, еднаш годишно се радуваме на јапонска или незнам чија донација од 20 илјади евра како да сме земја во централна Африка.

Да, имаат дебела причина да се опседнати со мене и да ме оcудат не две, туку 200 години 3атвор. Ама тоа нема да им ги излечи комплексите, тие само ќе растат, нема да ја промени тажната реалност на масовно иселување, ни нивната неспособност а најмалку огромната разочараност на народот од оваа баHда натpапници…

Поздрав од нивниот kошмаp

Биле опседнати со мене? Има и зошто…Со луѓето се сменија времињата и вредностите. Се планираше и создаваше трајна…

Posted by Nikola Gruevski on Saturday, May 4, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This