ГРУЕВСКИ ГИ ПОСТАВИ, ТИЕ СЕ МИСЛАТ ДАЛИ ДА ГО ПРЕДАДАТ: Пратениците Арнаудов и Василевски се „мислат“ дали ќе гласаат за одземање на имунитетот на Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците Арнаудов и Василевски со идентични изјави како денот кога беа запрашани дали би ги поддржале уставните измени, не знаат дали ќе гласаат за отповикување на пратеничкиот мандат на Груевски.

Пратеникот Љубен Арнаудов обвинет за немилите настани во Собранието на Македонја, на паузата од денешното рочиште не сакаше да каже како ќе гласа за одземањето на пратеничкиот мандат на поранешниот премиерот Никола Груевски,

Арнаудов рече и дека не е запознаен со целиот случај.

Денеска сме тука, на судење, не знаеме што се случува во Собрание. Претседателот на Комисијата за имунитетни прашања, Павле Богоевски, е исто така вмешан во случајот, па ќе видиме што ќе се случи. – рече Арнаудов.

Пратеникот Сашо Василевски исто така не сакаше ништо да коментира околу пратеничкиот мандат на Груевски.

За укинување на пратенички мандат ( не имунитет ) согласност дава Комисијата за мандатно имунитетни прашања на Собранието на Македонија, по што предлогот мора да го одобри 2/3 мнозинство од 120 члениот законодавен дом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This