ГРУЕВСКИ ГО БАРАА ПОД СЕДИШТЕ ВО МОЈОТ АВТОМОБИЛ: Ми беше срам кога ги гледав оние полицајци како се извинуваа додека ги претресуваа нашите автомобили барајќи го Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за „1ТВ“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говореше за притисоците кон ВМРО-ДПМНЕ притоа додаде дека целта на оваа Влада е да се укине ВМРО-ДПМНЕ и истото е атак на десетици илјади членови и нивните семејства кои одлучиле животот да го посветат на партијата и на македонската кауза.

– Ми беше срам кога ги гледав оние полицајци како се извинуваа додека ги претресуваа нашите автомобили барајќи го Груевски под моето седиште или под седиштето на возачот или во гепекот оној ден кога се одвиваше првиот чин од ова реално шоу кое за жал до ден денес трае. Ми беше жал кога опозиционата мисла беше тешко опколена од припадниците на МВР како ги претресуваат сите оние десетици членови на ВМРО-ДПМНЕ кои влегуваа или излегуваа од партиското седиште.

Притоа Мицкоски запрашува дали е ова европска Македонија и дали е ова демократско општество. Ваквото однесување според Мицкоски претставува директен атак врз опозициската мисла во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This