March 29, 2024, 12:43 pm

ГРУЕВСКИ ГО СУДАТ ЗА ,,ТЕНКОТ”, ДОДЕКА ВО НЕГО СЕ ВОЗИ СТОЛТЕНБЕРГ, КУРЦ И МЕРКЕЛ: Доколку не се набавел Мерцедесот, Македонија ќе требала да инзајмува вакво возило или пак да се резили и да бара гостинот да си донесе свое!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека поранешниот премиер го судат без никакви докази за набавката на блиндирано возило Мерцедес во случајот на СЈО, ,,Тенк” странските дипломати и претстаници се изнавозеа во истоименото возило. Вчера во медиумите се појавија фотографии од тоа како Генералниот секретар на НАТО се вози токму во ,,тенкот”, а денес во него се возеше и австрискиот канцелар Себастијан Курц и се очекува утре во истото возило да вози и германската канцеларка Ангела Меркел.

Очигледно владата на СДСМ нема никаков избор освен да го користи ова возило. Имено екс премиерот Никола Груевски го судат со обвинение дека тој влијаел да се набави ова возило бидејќи тој сакал да се вози во него, а сега истото возило го користи владата на СДСМ и во него се возат странски делегации.

Останатите блиндирани возила, дел од возниот парк на државата кои треба да се користат за превезување на странски делегации се стари повеќе од 15 години што впрочем соодветствува на исто такво неблиндирано возило со над 45 години старост, бидејќи амортизацијата на блиндираните возила се смета 3:1, односно една помината година на блиндирано возило во употреба е како поминати 3 годни на неблиндирано возило во употреба. Причината за ваквото сметање на амортизацијата на блиндираните возила е нивната тежина која варира од 4 до 5 тона поради нивната балистичката заштита.

Обезбедувањето на странските делегации и ВИП гостите воопшто не дозволува да се користат останатите блиндирани возила кои се дел од возниот парк на државата, освен ,,тенкот”. Македонската држава доколку го немаше озогласениот Мерцедес за кои се гони екс премиерот ќе немаше друг избор освен да изнајми исто вакво возило од Бугарија или пак да побара од гостинот да си донесе свое кое би било срам за државата!

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This