Груевски: Да го носиме Христос во нас секој ден, а не само на празниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Груевски упати порака по повод еден од најголемите христијански празници, Божиќ, денот на христовото раѓање.

Денес е Божиќ – раѓањето на Исус Христос, синот Божји. Денот кога Пресвета Дева Марија го донесе на овој свет во ноќта кога блесна ѕвездата на небото, над пештерата во која имаше овчарска штала во Витлеем, место на кое денес има црква во денешна Палестина (Западен Брег) кое со задоволство го посетив пред 6-7 години при еден приватен престој во Израел и кое никогаш нема да го заборавам.

Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род.

Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе стане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол да му стави име Исус, што значи Спасител, “бидејќи Тој ќе го спаси народот“.

Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град, кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада и таму се родил Исус Христос. Оттука натаму е почетокот на најзначајната историја на човештвото од неговото постоење па до денес, која од корен го менува светот.

Раѓањето на Господ Исус Христос е еден од највозвишените настани во целата историја на светот и втор најголем христијански празник после Велигден.

Господ Исус Христос додека бил на земјата покажувал понизност, скромност, смиреност, им служел на луѓето, одбивал да биде над нив, ширел пораки за мир и правење добрини, помагал и не покажал горделивост во ниту еден момент. Неговиот Отец – Бог одбрал тој да се роди во сиромашно семејство и во пештерска штала, во семејство каде имало луѓе меѓу роднините со најразлични слабости. Самиот Исус, исто како и Јосиф, еден период работел како столар.

Нека овој празник нѐ потсети на тоа негово однесување, на тие негови пораки, на скромноста, на служењето на другите, на правењето добрини и помагањата на другите, на одбивањето да се чувствува и однесува горделиво и надмено или да се поставува супериорно над другите.

Да го носиме Христос во нас секој ден и во секој миг колку што можеме повеќе, а не само на празниците.

Да го носиме во себе, во нашите мисли и срца но и во нашето секојдневно однесување и постапки кога носиме одлуки и судиме за себе и за другите, кога зборуваме за другите, кога се среќаваме со другите, кога на другите им треба помош, кога треба да споделиме љубов или нешто материјално, но и да разговараме со другите без да покажуваме супериорност во некој дел дури и ако природно ја имаме, напротив смиреност и понизност без горделивост дури и ако имаме причина за тоа.

Само така нашиот живот и светот околу нас ќе го направиме подобар и посреќен за сите.

Честит Божиќ!

Христос се роди!

Денес е Божиќ – раѓањето на Исус Христос, синот Божји. Денот кога Пресвета Дева Марија го донесе на овој свет во ноќта…

Posted by Nikola Gruevski on Thursday, January 7, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This