ГРУЕВСКИ ДОБИВАЛ ЗАКАНИ ЗА ЛИВКИДАЦИЈА ВО ЗАВТОР: Екс-премиерот објави скандалозни детали во неговиот ФБ пост!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, денес преку социјалните мрежи ги потврди пишувањата на медиумите дека од страна на властите во Унгарија му е одобрено барањето за политички азил.

Во својата објава на Фејсбук, Груевски вели дека одлучил да не ја исполни желбата на СДСМ кој судот и обвинителството ги користи како политичка алатка заради остварување на своите политички цели и уцени.

-Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво.
Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам. Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација, пишува Груевски.

Тој додава дека одлучил да ја продолжи борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле.

-И како што кажав во претходната објава, јас никогаш нема да се откажам од таа кауза. Јас не избегав од правдата,туку користејки други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија. Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор, а потоа и да ме ликвидира., се вели во објавата на Груевски која во целост може да ја прочитате ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This