ГРУЕВСКИ ДО СУДОТ: Дали ако наместо Мерцедес Ц600 Гард се набавело некое друго блиндирано возило за претседатели и ВИП политички личности, тогаш немало да имам корист

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Груевски посочи за една нелогичност во обвинението каде се укажува дека Груевски побарал од трето лице да се набави блиндирано патничко возило со ознаки Мерцедес Ц 600 Гард и дека сакал да остварам корист со тоа што во возилото ќе биде превезуван.

-Дали ако наместо ознака Мерцедес Ц600 Гард се набавело некое друго блиндирано возило од друг производител од Европа, или некое од производител од Америка во кои се транспортираат американските претседатели и ВИП политички личности, или од некој јапонски, руски, индиски или кинески производител во кои се транспортираат нивните политички лидери, дали тогаш немало да имам корист ако повремено сум бил транспортиран во такво возило. Или поконкретно, ако на тендерот дојдеше и победеше понуда на возило со кое во тој момент се транспортирал американскиот претседател, или јапонскиот премиер, или ако наместо ознака Мерцедес беше ознака Кадилак во каква се транспортира американскиот претседател, Тојота Ленд Круисер во каква се превезува јапонскиот премиер, Субурбан Шевролет какви што најчесто користат сикрет сервис од САД, Аурус сенат лимузин во каква се транспортира рускиот претседател, Hongqi L5 се транспортира кинескиот претседател, или пак некоја од многуте модели на Линколн МКЗет, Линколн МКикс, или пак возило со ознака Мајбах, Мицубиши, Масерати, Мазда, Нисан, како е можно со набавката на мерцедес Ц600 Гард да имам корист што повремено ќе бидам транспортиран во него, а со овие другите нема да имам. Од повеќето од наброените има редовно производство на блиндираниавтомобили а некои од нив по нарачка прават блиндиран возила со надоградба во балистичкиот дел, истакна Груевски .

Тој додаде дека ако со фаворизирање на возило со ознака Мерцедес Ц 600 Гард и возење во него сум мислел дека ќе имам корист, а ако наместо тоа возило било возило со ознака Кадилак идентично на она во кое се возат американските претседатели или пак Мајбах или Тојота Ленд Круизер во какво се вози јапонскиот премиер со транспортирање во нив сум мислел дека нема да остварам корист.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This