ГРУЕВСКИ: Едната опција креира кризи, другата работи, помага, се грижи и создава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во нашиот живот често се соочуваме со некаков избор. Во Кое училиште ќе одиме? Кој факултет ќе го одбереме? Со која професија ќе се занимаваме? Каков ќе биде твојот дом и како ќе изгледа твојата иднина? Тоа се избори кои одредуваат во кој правец ќе се движи твојот живот. Така е и со овие парламентарни избори кои се пред нас. Изборот е помеѓу алтернативи. Споредете ги самите и одберете, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Струга

gruevski-struga-gif2_-640x369

-Едната опција креира кризи. Другата работи, помага, се грижи и создава. Едната опција сее омраза и поделеност, другата е посветена на конкретни проекти кои го подобруваат вашиот живот. Едната опција се занимава со деструкција и конфликтност, другата ги решава секојдневните проблеми на граѓаните и се грижи за државните интереси. Само запрашај се: „СО КОГО ЌЕ МИ БИДЕ ПОЛЕСНО?“, рече Груевски.

Груевски рече дека граѓаните треба да си го постават прашањата кој подобро ќе се справи со економските предизвици, кој ќе отвори нови работни места?

-Кој ќе изгради нови патишта, болници, училишта?, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Кој ќе обезбеди повисоки плати и пензии? На кого му држи зборот? Кој може и знае да ги направи сите овие работи? ВМРО или СДСМ Ова е едноставен избор. Ова е одлука за тебе и за Македонија, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This