ГРУЕВСКИ Е ЗАГРИЖЕН И НЕ ИЗЛЕГУВА ЧЕСТО: Александар Трајковски опиша што прави Груевски во Будимпешта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често. Вака, ја опиша средбата со него Александар Трајковски кој беше уловен на фотографија во Будимпешта. Тој зборуваше отворен со новинарите, но ги избегна камерите. Рече де бил вознемирен и останал без сон цела недела по пишувањата во медиумите, пренесе Телма.

Како што рече денеска пред судот, на рочиштето на предметот „насилство во Општина Центар“, целта на патувањето во Унгарија не била да се сретне со Груевски туку да најде лек за проблемите со дишењето.

-Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови – изјави Трајковски.

За сите одговори што прави Груевски во Будимпешта им рече на новинарите да му напишат порака на социјалните мрежи, бидејќи тој постојано е активен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This