ГРУЕВСКИ: Заев врши притисок врз cyдиите директно и преку посредници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Груевски во своето интервју за Инфомакс посочи дека Зоран Заев има одредени контакти со cyдии со цел делегирање на работата на cyдот. Сепак тој забележува дека најголемиот дел од работата тој ја врши преку соработници, посочувајќи еден од неговите личните советници кој воедно е и вработен во cyд, како и  адвокат кој е близок до него.

-По некои мои информации имал контакти со некои одредени cyдии, а поголем дел од работите колку што знам ги врши преку еден свој советник што работи во cyд, а него му е советник и преку други лица како на пример адвокат еден негов близок итн. Тие се испраќачите на пораките.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2176720795683612/

Тој забележува дека СДСМ ја влошила работата во cyдството. Говорејќи за што ВМРО-ДПМНЕ направило за cyдството тој истакна дека реформите кои тогаш тој како власт ги спроведувал биле во согласност со европското законодавство и одобрени од високи европски претставници, како некогашниот еврокомесар за проширување, Фуле. Груевски ја напомена академијата за cyдии и oбвинитeли, стручниот испит, англсики јазик, психолошкиот и тестот за интегритет реформи кои воспоставиле ред и правила во начинот на кој cyдиите напредуваат како клучна реформа, бидејќи претходно се состанувал Републичкиот cyдски совет и одлучувал кој да напредува без никаков критериум.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This