ГРУЕВСКИ ЗА ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ ЗАЕВ И СУДИЈКАТА: Судијката и Заев се договориле мене да ме осудат, а него да го ослободат, рече Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По завршувањето на денешното рочиште за случајот „Тенк“, обвинетиот поранешен премиер, Никола Груевски, истакна дека тоа што СЈО ќе каже судиите го прифаќаат, бидејќи, како што рече, се плашат да им се спротивстават.

„Се направи тежок преседан, со кој СЈО повторно се протежираше“, истакна Груевски, алудирајќи на барањето за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од случајот, кое не беше прифатено.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешното рочиште одби да даде одбрана, а тоа го образложи со ставот оти очигледно е дека нема негова вина за набавката на блиндираниот „мерцедес“, односно, како што рече, по изведувањето на доказите на oбвинителството и на одбраната, произлегува дека не го сторил делото за кое што се товари.

Тој во изјавата дадена пред судот рече дека доколку се оди според правото и законите ова е решен случај кој треба да заврши со ослободителна пресуда.

„Сепак, во јавноста проструеја информации дека постои некаков договор меѓу Заев и судијката Добрила Кацарска со кој било договорено дека таа ќе добие унапредување во Апелациониот суд, а за возврат треба него да го ослободи, а мене да ме прогласи за виновен“, рече Груевски кој додаде дека доколку тие шпекулации се точни тогаш може се да се очекува.

Инаку, на денешното рочиште, покрај Никола Груевски присуствуваше и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради ризична бременост.

Судењето продолжува на 14 мај кога треба да бидат изнесени завршни зборови на инволвираните во овој судски процес. Откако ќе бидат дадени завршните зборови, ќе остане само судот да ја донесе пресудата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This