ГРУЕВСКИ ЗА НОВОТО ОБВИНEНИЕ:Тоа е нова епизода од прогонот на СДСМ кон мене и нема врска со реалноста и здравиот разум.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали сметате дека и вас ќе ве снајдеше истото ако влезевте во затвор?

ГРУЕВСКИ: Не сметам, туку знам. Но, многу повеќе од ова што ги снајде поранешните министри. Власта врши политички прогон преку обвинителствата, судовите и во затворите и притворите. Не бираат средства.

Има две причини зошто се одлучив да заминам и побарам политички азил.

Првата е африканското судење кое беше фарса, судење каде одлуката беше договорена пред официјално да се додели предметот на судијата, судења со кои не требаше да се спроведе правда туку да се исполни предизборното јавно ветување на Заев дека ќе ме стави во затвор, за што дури и песна измислија. Сите можни процедури и закони се згазија за да бидам осуден со затворска казна над 20 години и тоа без сторено дело и без никакви докази. Тоа и самата Катица Јанева јавно го кажа, а и претходно лично ми го кажа кога бев на распит во СЈО нудејќи ми спогодба.

Еве ќе видете сега кога ќе завршат рочиштата.

Во сите предмети ќе ме осудат со максимална затворска казна иако во ниту еден предмет нема ниту кривично дело, а како резултат на тоа ниту елементарен законски доказ. Ова не го претпоставувам, туку имам информација од извори од внатре. Дури и сите други обвинети во некој предмет да ги ослободат, мене ќе ме осудат со максимална казна затвор. Така е договорено. Барем засега.

Втората и веројатно одлучувачка причина за заминувањето и барање политички азил беа заканите и информациите дека во затворот ми се подготвува ликвидација.

Се чувствувате ли безбедно во Будимпешта?

ГРУЕВСКИ: Да бидеш претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер е ставање глава во торба од првиот ден, а да бидеш истото толку многу години и повеќе од тоа. Тоа ми беше јасно и тогаш и денес. Иако, кога станува збор за безбедноста, никогаш не може да е човек сигурен, сепак Унгарија е многу побезбедна држава од оваа Македонија денес, каде што секојдневно има убиства, исчезнувања, претепувања и слично. По доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија стана Елдорадо за криминалците, рекетарите, крадците, изнудувачите, а терористите се чуствуваат како дома. А како и не би, кога премиерот си го чуствуваат за сојузник, понекогаш и соработник.

Од пред некој ден и вие сте осомничен за теpоpизам. Како се чувствувате?

ГРУЕВСКИ: Тоа е нова епизода од прогонот на СДСМ кон мене и нема врска со реалноста и здравиот разум. Не знам дали граѓаните разбраа зошто сум осомничен за теpоризам, односно што ми била грешката или престапот. Што е теpорpзмот? Не сум осомничен затоа што сум организирал или сум побарал граѓаните да влезат во Парламентот ниту пак затоа што сум ги организирал физички да се пресметаат со некои пратеници.

Осомничен сум за теpоpизам поради изјава во интервју, која власта ја толкува како повик за излегување на протести дадена, внимавајте, цели два месеци пред инцидентот во Парламентот. Јанакиески и Ристовски, пак, дека ги повикале членовите на партијата да излегуваат на протестите. Не да прават насилство, не да тепаат, туку да излегуваат на мирни протести.

Дури и да замислиме дека тоа е точно, се поставува прашањето во која демократија претседател на партија е тероpист ако повика на протести, а високи партиски функционери ако го охрабрат членството на партијата да излегува и учествува во протестите, при што ниту еден од нас не повикал ниту организирал нешто што би довело до инцидентот.

Дел од интервјуто на Никола Груевски за порталот Републка.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This