ГРУЕВСКИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ОД ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: Нејзиниот зет беше притворен лично од неа, јас немав намера да се мешам во работата на судот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер на Владата Никола Груевски на Фејсбук одговори на обвинувањата на претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, која во интервју го обвини дека ја уценувал на „најподол можен начин“ за да не ја напушти владината коалиција во 2015 година.

„Јас како премиер, прв пат дознав дека зетот на пратеничката Лилјана Поповска е притворен од неа лично, три месеци откако бил притворен, на средба во Владата која се одржа по нејзино барање.
На таа средба и на неколку други подоцна пратеничката Поповска бараше од мене нејзиниот зет да биде ослободен од притвор.
До ден денеска мислам и уверен сум дека иако таа тоа експлицитно не го кажа, излегувањето на пратеничката Лилјана Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“, се должи токму на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството.
Тоа беше мој принцип како премиер и законска обврска.
Од она што го дознав во јавноста подоцна, по доаѓањето на СДСМ на власт и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Кривичниот суд го прогласи за виновен нејзиниот зет, кого лично не го познавам, ниту се сеќавам на неговото име, лик, ниту можам да тврдам дали е виновен или не.

Сепак го поздравувам фактот што по речиси едногодишна апстиненција во јавноста, откако скриена од очите на јавноста го премолче штетниот договор со Бугарија, неуставната двојазичност и актуелните дебати за промена на името, конечно се појави пред јавноста и на некој начин, повеќе потсвесно отколку свено, раскажа зошто ја напуштила коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Груевски на Фејсбук.

Во интервју за порталот Мактел претседателката на ДОМ Лилјана Поповска тврди дека кога решила да излезе од владината коалиција во 2015, тогашниот премиер НиколаГруевски ја уценувал со деветгодишна казна затвор на нејзиниот зет за сестра.

– Јас долго време верував дека ВМРО ДПМНЕ е патриотска партија, тврдам дека од 2006-та до 2010-та владата работеше феноменално, но потоа почна да забегува, кога почнавме да увидуваме дека работите веќе не течат во правилна насока, почнавме полека да се дистанцираме, па така во 2013-та решивме на локалните да одиме сами, и полека во 2014-та донесовме одлука на изборите да одиме сами и на парламентарните, но тогаш добив уцена со тоа што ни направија судско-полициска местенка и ни уапсија пола раководство на партија меѓу кои и мојот зет за сестра Перо Јосифов и ги пикнаа во притвор за комичен монтиран случај од кој им се закануваше затвор од десетина години на секој од нив.

Верувам сега кога ќе си го вратам филмот дека Груевски и Сашо ни ги слушале телефоните и дознале дека планираме да ја напуштиме коалицијата и испланирале начин како да не држат во владата преку тоа што ќе ни уапсат пола раководство на партија и ќе ни ги пикнат во притвор и тоа во најлошото одделение во Шутка. Мислам дека овие 3-4 години остарев за 10 години, нагло ослабев и си го изгубив здравјето од стрес за тоа низ што поминаа моите сопартијци и мојата сестра и зет, вели Поповска.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This