April 26, 2024, 12:28 pm

ГРУЕВСКИ ЗА ПАДOT НА ЗАЕВ: Нема поддршка од народот, но ќе проба на секаков начин да остане на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс премиерот Никола Груевски кој поради политичкиот прогон во Македонија доби азил во Унгарија денеска на Фејсбук го прокоментира падот на Зоран Заев и неговото барање за организирање брзи предвремени избори. Тој констатира дека Заев повеќе нема поддршка од народот, а ќе се обиде по секоја цена да остане на власт барајќи поддршка од меѓународната заедница.


-Денес главниот мотив на Заев е неговата последна надеж дека ќе го убеди меѓународниот фактор дека се уште има потреба од макар и криминоген и неспособен марионетски премиер, односно дека на таков начин ќе успее да ја задржи власта. Овој пат од никого нема ветување за поддршка. Но чекорот го повлекува бидејќи нема друг избор, со надеж дека споменатите ќе “паднат на блефот” и ќе се убедат во приказната па ќе немаат друг избор, пишува тој.

Според него вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот на преговорите со ЕУ е неговата намера повторно, обидувајќи се да ја демонизира опозицијата, да моли за поддршка во изборите пред меѓународниот фактор.

Груевски повеќе од половина деценија за политички противник го имаше токму Зоран Заев и неговото мислење во однос на начинот на кој што тој политички делува му е многу познат. Екс премиерот предупредува дека лидерот на СДСМ нема лесно да се откаже од власта и ќе се обиде преку задкулисни игри и интигри да остане на власт.

Но она што е клучно, а го анализира е екс премиерот е дека власта нема поддршка од народот, односно дека рејтингот на Зоран Заев никогаш не бил понизок.

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот на преговорите со ЕУ е неговата…

Posted by Nikola Gruevski on Saturday, October 19, 2019

 

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This