ГРУЕВСКИ ЗА ПУШТАЊЕТО НА НОВИОТ АВТОПАТ: Ниско и жално е тоа што го прави Заев – автопатот беше готов уште во 2017 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред свеченото отворање на новиот автопат Демир Капија – Смоквица кој треба официјално да биде пуштен в понеделник, почесниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски реагираше дека актуелната Влада сака проектите на претходното раководство да ги претстави како свои.

– Еден таков проект е градбата на нов автопат, автопатот Демир Капија – Смоквица, во должина од 29 км, инвестиција над 200 милиони евра. Автопатот комплетно беше завршен во мај 2017-та. Преостануваа две работи: изградба на контролен центар и преместување на еден далновод. Тоа е отприлика работа за еден месец. Ако имаш слаба влада, еве да речеме дури и три месеци. Во најлош случај, ова требаше да е готово и автопатот пуштен во употреба на крајот на август 2017-та. Досега по него ќе поминеа над 3 милиони возила. Олеснување и за товарните возила и патничките автомобили и за туризмот и за се. Но, не. Под разни измислени изговори, владата го пролонгира отворањето, за да кога Заев, Анѓушев и Сугарески ќе ја пресечат лентата, нацијата да има перцепција дека нешто и тие изградиле, коментира поранешниот премиер Груевски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This