ГРУЕВСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО КИНЕСКИОТ КРЕДИТ ЗА АВТОПАТИ: Случајот „Траекторија“ не ме теретат за финансиски поткуп, туку за претпоставка дека ќе сум добиел нешто!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинезите ни дадоа ниска каматна стапка, условот за тоа беше да гради кинеска фирмата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ појаснувајќи го случајот на СЈО „Траекторија“ во кој се терети.


„Наградата за која што ме теретат не е поткуп. Мене не ме теретат за награда, туку за претпоставка . Сакаат да докажат дека јас сум сакал да поттикнам вршење на кривично дело за мене да ми порасне рејтингот со изградбата на патиштата. Во тој период Кина подготвуваше план за проекти во југоисточна Европа. Имав средби со кинескиот премиер и успеавме да добиеме ниска каматна стапка, условот за тоа беше да гради кинеска фирма. Тоа не е услов само за Македонија, така беше и во Србија во однос на истиот проект. Поради овој услов, не може да се оди по законот за јавни набавки, туку мора по посебен закон. Во законот за јавни набавки овој исклучок е наведен. Добивме од Кина две понуди, државата направи договор со поевтината и го испрати во парламентот. Законот го усвои парламентот, гласаше ВМРО-ДПМНЕ, гласаше ДУИ, но гласаа и присутните пратеници од СДСМ“, објасни Груевски.

Појасни дека членот со кој го теретат не се однесува на финансиска награда, туку на поттикнување тој да добиел нешто од тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This