April 26, 2024, 11:44 am

ГРУЕВСКИ -ЗЕК: Најновите политички случувања во Македонија и револтот кај граѓаните заради мега изборна измама од страна на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес имаше разговор со Тобијас Зек член на германскиот парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија.

gruevski-zek-640x480

Груевски го запозна соговорникот за најновите политички случувања во Македонија, за изборната измама што поразениот СДСМ ја направи со прифаќањето на Тиранската платформа по изборите, со револтот кај граѓаните заради оваа мега изборна измама, обидот за ставање на мнозинството Македонци во опозиција наспроти мнозинството Албанци во власта, намерите за редефинирање на државата наспроти волјата на народот, со нарушувањето на правилото за коалицирање победник со победник кое беше воспоставено по барање на ДУИ и на меѓународната заедница и барањето на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата за брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, со што би се дала можност на гласачите да се изјаснат за платформата која криминалецот Заев ја прифати за да се спаси од одговорност за сторените кривични дела и барање мито на компаниите, соопштуваат од партијата.

 

Груевски потенцираше дека сите досега превземеми чекори на ВМРО-ДПМНЕ се во склад со демократските принципи и пракси, но и дека постојат нараснати тензии кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа изборна измама низ улиците на над 30 градови во Македонија.

Покрај овие теми во разговорот се дискутираше и за можните ризици од нова мигранска криза, при што Груевски потенцираше дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени, и покрај огромните напори и финасирања на Институтот отворено општество во обратен правец.

Средбата со Тобијас се одржа во Малта, каде од утре почнува самитот и конгрес на Европската народна партија, каде свое учество ќе земе и делегација на ВМРО-ДПМНЕ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This