ГРУЕВСКИ: Идејата и аманетот на Организацијата го носиме сеуште во нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Македонија прославува светол датум од својата историја. Денес Македонија го прославува 23-ти октомври – Денот на македонската револуционерна борба, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во продолежение следува интегрален текст од честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод празникот 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Пред точно 123 години беше поставен темелот на македонската организирана борба за слобода и сопствена татковина. Оваа искра речиси цел еден век ја распламтуваше борбата на народот во Македонија од Илинденската епопеја, преку НОБ и АСНОМ, до 8-ми септември. Идејата на македонската револуционерна организација го разбуди и го одржуваше стремежот за слободна и независна татковина Македонија.

Организацијата беше сенародно движење кое ги мобилизираше Македонците, но и сиот народ во Македонија до остварувањето на најправедната и вековна цел, слободна и независна македонска држава. За овој идеал илјадници синови и ќерки на Македонија ги положија своите животи.

Нивниот сон денес е остварен, но идејата и аманетот на Организацијата го носиме сеуште во нас.

Како што Организацијата ги обедини сите под бајракот на слободата, така и денес треба да останеме сплотени, да останеме решителни и одлучни да го чуваме делото на Татарчев, Груев, Поп Арсов, Хаџи-Николов, Димитров, Батанџиев, но и на плејадата знајни и незнајни херои од борбата за слободна Македонија.

Таа борба и денес е исто жива и силна како пред 123 години.

Таа борба денес е борба за напредок, благосостојба, нови работни места, повисок стандард, подобро здравство, современо земјоделие, модерно образование и подобра иднина.

Нека честит 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Нека е вечна идејата на Македонската Револуционерна Организација.

Нека е вечна Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This