ГРУЕВСКИ ИЗБЕГАЛ ВО „ФОЛСКВАГЕН ЏЕТА“: Регионалните медиуми објавуваат детали – Груевски се возел во дипломатска „Џета“, објавени и имињата на дипломатите кои го придружувале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека една по една земјите од бегалската рута на Груевски откриваат кога и како осудениот макеДоднски експремиер ја минал нивната територија, македонските истражни органи се уште молчат. Како Груевски излегол од државата- дали и со какво возило, дали бил сам или имал помагачи, дали на граничен премин или во зелен појас.

Медиумите од регионот веќе ги објавија сите детали – возилата регистарските таблички но и имињата на дипломатите кои го придружувале Груевски низ бегалската авантура. Од Албанија во Црна гора Груевски влегол со возило „Фолкваген џета“ со дипломатски регистарски таблички Ц де 1023 на унгарската амбасада и во друштво на Клусар Антал и Варсалваи Шаба кои имале дипломатски пасоши.
Toj во Црна Гора влегол на 11 Ноември во 19.19 часот, на граничниот премин Божај.Територијата на Црна Гора ја напуштил истиот ден, преку граничниот преми Добраково, во 22.16 часот.

Од Црна Гора во Србија влегол со автомобил со регистарски ознаки “55А05” во кој биле Часар Јозеф Золтан и Фелеѓази Шаба, кои се и носители на дипломатскиот пасош на Унгарија пишува црногорски Вјести, повикувајки се на официјалната веб-страница на унгарската амбасада во Подгорица посочува и дека Золтан е заменик амбасадор на Унгарија во Црна Гора, а Шаба конзул.

Албанија и Црна Гора официјално потврдија дека Груевски минал низ нивната држава со образложение дека во тој момент немало меѓународна потерница за Груевски. Но, од Србија се уште молк. Од министерстовто за внатрешни на Србија до сега официјално не се огласија а нема одговр ниту на нашите прашања како Груевкси ја минал Србија и влегол во Унгарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This