April 20, 2024, 12:08 am

ГРУЕВСКИ МЕЃУ НАРОДОТ: Започна протестот пред министерството за правда, Груевски меѓу народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе одиме до крај се додека не се пуштат оние кои се неправедно обвинети и притворени. Нивниот единствен грев е што си ја сакаат државата. Тие ниту се ниту некогаш ќе бидат терористи. Срам за Македонија е тие да се изедначат со терористите од Диво Насеље, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, на протестот пред Министерството за правда, на кој покрај големиот број граѓани присуствуваше и лидерот на партијата Никола Груевски.

-СДС има за цел да ја скрши кичмата на Македонија. Власта се изживува со македонските патриоти. Влече по судови и по притвори луѓе кои немаат ни на мравка згазнато, а ослободува вистински терористи. ВМРО- ДПМНЕ нема да дозволи газење врз македонецот и македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ била и останува со народот, рече Костовски и додаде:

 

„ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон, итно и безусловно запирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС, како и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите поединци кои свесно учествувале во овој политички прогон со кој се кршат законите и Уставот на државата ќе одговараат со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија“, истакна Костовски на протестот против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This