ГРУЕВСКИ: Над 2.500 лекари заминале на обука во странство- најновите методи веќе се применуваат и во македонското здравство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 2.500 лекари до сега заминале на обука во странство, а 70 проценти од нив, методите кои ги научиле таму веќе ги применуваат во македонското здравство.

gruevski-izjava

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ова е многу значаен проект за државата.

-Имаме многу значајни проекти во делот на здравството како што е набавката на опрема, или градбата и реновирање на болници и слично, но ова веројатно е најзначајниот затоа што овозможува стручниот кадар во Македонија да се надоградува и многу брзо да ги учи најновите методи откако тие ќе излезат во понапредни медицински центри во светот, истакна Груевски по денешната промоција на 25 нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.

Оваа година, 500 лица заминаа на обука, а над 300 треба да заминат во преостанатиот дел од годината.

-Голем дел од нив заминуваат во Европа, Германија, во Англија, Италија, Словенија, Холандија, а голем дел заминаа и во САД, еден дел во Азија, во Јапонија, во Кина, но најголем дел се концентрирани во Европа, особено во Германија и во Италија. Добро е што почна да се применува овој проект. Не знам зошто во минатото не се спроведувал, од почетокот на 90-тите, ќе имавме многу повеќе методи во нашето здравство, ќе имавме многу поквалитетен медицински персонал, додаде Груевски.

Тој изрази задоволство од растаечкиот интерес кај медицинската фела за овој проект.

– Она што го забележав во изминатиот период е дека на почетокот имаше некаков отпор од страна на медицински персонал, а подоцна ситуацијата се промени и прерасна во натпревар кој почесто и побрзо ќе замине и ќе научи некоја нова метода. Јас сум многу радосен заради тоа затоа што со една ваква можност им се дава на лекарите коишто имаат амбиција, капацитет и желба да напредуваат навистина тоа да го имаат. Не само да читаат од некоја книга или да гледаат од интернет, туку директно да заминат во медицински центри, болници, познати клиники и од врвни научници од медицинската област да научат најнови методи кои се користат во таа држава и во тој медицински центар и да го применат во Македонија, посочи Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This