ГРУЕВСКИ: Намалување на сиромаштијата за ¾, најниски даноци, преполовена невработеност кај младите и 150.000 нови работни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата ера ќе донесе нови 150.000 работни места. Тоа го ветуваат оние кои веќе отворија нови 173.000 работни места. Ние кога ветуваме имаме потркрепа. Скромно, ако можеме да изненадиме и со повеќе, порача Груевски на вечерашиот митинг во Македонски Брод.

-Во новата ера се планира сиромаштијата да се намали за ¾,  да има најниски даноци во светот како што е сега. Невработеноста кај младите планот е да се преполови и да има поголеми можности со специјални проекти за стекнување на сопствен дом. Ние веќе започнавме со проект за купување куќа за млади со сериозни грантови. Тоа ќе продолжи и ќе има најмалку уште еден таков проект за повозрасните, рече Груевски.

Предвидени се и низа проекти за образованието.

-Издвојувањето на 6% од БДП за финансирање на образованието е дел од нашиот план, од нашата визија за новата ера. Образованието е исклучително важно. Многу повеќе вложувања во екологијата, за почиста животна средина. Во образованието ќе се оди на подобрување на квалитетот на знаење и на креативните способности на младите луѓе. Со цел да се дојде во ситуација Македонија да влезе во првата половина на листата на Пиза во делот образование според квалитетот на основни  и средни училишта. Македонија од земја која сега е нето увозник на електрична енергија , преку вложувања во нови капацитети, ќе прерасне во земја нето извозник, односно ќе произведува повеќе отколку што и е потребно. Така ќе има и за извоз и за повеќе заработка, порача Груевски.

Неговата визија за Македонија е земја во која функционираат  интелигентни и одржливи градови. Најави крупни проекти за Македонски Брод.

-Во 2018-та година ќе се градат три водоводни системи, ќе се реконструира пречистителна станица. Во 2020-та година ќе се гради водоводен систем. Ова ќе придонесе за подобар живот и полесно функционирање…. Имаме големи проекти за во патна инфраструктура. Ќе се заврши реконструкцијата на патните правци од Македонски Брод до Скопједо крајот на годинава. Од Македонски Брод до Сланско, патот до Долни Манастирец. Ќе се доизгради патот до населеното место Косово…., посочи Груевски.

Во Македонски Брод ќе се реконструираат училиштата и дворовите, ќе се изградат нови кошаркарски игралишта, улична фитнес зона, спортски игралишта и ќе се реновираат постоечките.

-Ќе се урбанизираат сите подрачја на општината. Ќе се инвестира во подготовка на инфраструктурни проекти како улици, пешачки патеки, водоводи, канализации, изградба и реконструкција на училишта и градинки и други проекти за иднината на општината Македонски Брод, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека идната генерација на македонски граѓани никогаш не смее да се откажува и дека народот одлучува за иднината на Македонија. Им посочи да стават крај на помрачувањето од актуелната власт.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This