ГРУЕВСКИ НА КОМИТСКА ВЕЧЕР ВО БУТЕЛ: Ќе ги издржиме овие напади, ќе ги победиме сите кои сакаат да ја скршат кичмата на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска беше гостин на традиционалната Комитска вечер, која ја организираат сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во организација на ОК Бутел. Тој кажа дека овие вечер ги зближуваат членовите на партијата, зближени какви што треба да бидат не само за ВМРО-ДПМНЕ туку и за Република Македонија.

За Бутел велат дека е еден од бастионите на ВМРО-ДПМНЕ, јас би рекол Бутел е еден од бастионите на Македонија, затоа што тука живеат луѓе што искрено и од срце ја сакаат својата држава. Луѓе што во многу наврати покажале дека знаат да застанат на браникот на одбраната на Македонија, затоа Бутел не е само бастион на ВМРО-ДПМНЕ, Бутел е бастион на Македонија, на македонскиот народ, на Република Македонија.

Тој порача дека тоа треба секој да го знае и секој да го почитува, како во добрите, така и во тешките времиња. Груевски кажа дека во последниве години живееме во тешки времиња, како што е ситуацијата и последниве месеци според неговите зборови.

-ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партијата која што секогаш стоеше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, граѓаните на Македонија и македонскиот народ и така и ќе остане понатаму. 11 години бевме на чело на државата, ја предводевме, имајќи ја власта дадена од граѓаните и од народот на слободни и демократски избори. Народот  10 пати по ред излезе и кажа дека тоа е таа структура, тоа е таа партија во која најмногу верува, затоа што зад себе остававме дела, затоа што исполнувавме дадени ветувања, затоа што правевме се што можеме да помогнеме секому. Навистина на многу луѓе помогнавме, на многу категории на лица помогнавме, изјави Груевски.

Тој кажа дека дел од помошта која граѓаните директно ја осетиле се покачените пензии и плати, дадените субвенции за земјоделците, она што тие го имаат изградено. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ била партија која била градител на оваа држава.

-Некој денеска се поигрува со тоа, некој денеска се мајтапи со нашиот труд, сакајќи да го понижи и да го деградира, а се уште ништо не направил, се уште ништо не изградил, се уште ништо не создал, се уште не решил еден проблем. Ги гледам во овие еден месец само средби со амбасадори, само мотање еден со друг, никакво дело, никакво нешто што ќе му помогне на народот, на граѓаните, што ќе ја однесе земјата напред, само голи ветувања. Драги пријатели во секоја несреќа и среќа, еве им период нека покажат што тие ќе направат за Македонија, изјави Груевски.

Тој кажа дека од другата страна говореле дека тие 11 години биле на власт, а тоа биле долго, биле автократи, се со цел да го понижат ВМРО-ДПМНЕ, дека биле во Владата поради свои лични интереси, а не поради тоа што било нивно дело, визија, заложби, ветувања но и остварувања кон граѓаните.

-Сега ја имаат можноста иако ја добија на прилично нечесен начин, но ја имаат таа можност, помина еден месец ги видовме што прават, ќе помине уште некој месец, ќе се види кој е тој што се бори за Македонија, која структура е најмногу заинтересирана и најмногу се вложува во движењето на државата напред и секако ќе се види дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период, како и во минатиот тоа е наша судбина, ќе бидеме атакувани, ќе бидеме напаѓани со сите средства и како организација, како партија и како поединци. Јас знам дека вие сте подготвени за тоа и јас лично сум подготвен за тоа. Ќе го издржиме тоа, ќе ги победиме, ќе ги победиме сите оние кои на подмолен начин сакаат да ја скршат кичмата на ВМРО-ДПМНЕ  и сакаат со тоа да ја скршат кичмата на Република Македонија, изјави Груевски.

Тој порача дека нема да им дозволат да го направат она што го наумиле, затоа што партијата и нејзините членови многу патипокажале дека во срцето ја носат Македонија и знаат што е што.

-Ќе останеме единствени, ќе останеме единствени во сите предизвици и пред сите оние кои што сакаат да создадат поинаква слика за нас и да остварат поинакви планови за Македонија. Ќе останеме силни и како што овој пат ни направија со победа да отидеме во опозиција, со победа ќе се вратиме на власт, со победа ќе ја водиме Македонија напред, со уште поголема поддршка на граѓаните на Македонија. Со нови идеи, со нови проекти, а пред тоа со победа на локалните избори овде во Бутел, изјави Груевски.

На Комитската вечер беше доделена и постхумна плакета за основоположникот на ОК Чаир, под кој порано заедно беа Бутел и Чаир, Петре Костов, за кого претседателот на Општинскиот комитет Бутел, кажа дека е човек од кого учеле како се сака ВМРО-ДПМНЕ, плакетата на подигна неговиот син Васко Костов.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This