ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Многу веројатно е дека, како и за многу други нешта и за ова ветување, СДСМ ќе излаже

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Популистичкото водење на политиката во економијата отиде до таму, што правдајќи го рушењето на концептот на ниски и рамни даноци, СДСМ најави дека со парите од зголемените даноци, ќе ја качеле социјалната помош на 12 илјади денари, колку што е и минималната плата или блиску до тоа, пишува поранешниот премиер Никола Груевски, на својот Фејсбук профил.

Неговиот статус го пренесуваме во целост

Пак на прв поглед звучи добро, бидејќи е популистичко, но што ќе предизвика тоа?

Многу веројатно е дека, како и за многу други нешта и за ова ветување, СДСМ ќе излаже.

Сега им треба ова, затоа што добро звучи за оние 35-36 илјади лица приматели на социјална помош. Тие и оние што се посиромашни, од прва би рекле дека така треба и би гласале за СДСМ.

Но што се последиците?

Прво, кога социјалната помош ќе се изедначи или приближи до минималната плата, кај дел од примателите на социјална помош ќе се намали мотивацијата за вработување или барем за официјално вработување. Дел од нив ќе помислат дека работел – не работел истите пари ќе ги земат, па дел од нив ќе одберат и понатаму да ја земаат социјалната помош, па покрај социјалната помош и евентуално нешто плус заработено во сферата на сивата економија ќе им дојде како награда. Значи, два негативни ефекти: ќе се намали побарувачката за работа, што е лош сигнал за потенцијалните инвеститори, кои и сега се жалат дека тешко доаѓаат до работници за многу нешта.

Второ, дел од примателите на социјална помош ќе се стимулираат ако нешто сепак работат да биде во сферата на сивата економија или воопшто да не работат и да ги издржува буџетот.

Во економската теорија и пракса во најголемиот број напредни земји се внимава социјалната помош да е доволно висока, за лицето примател да може да преживее додека не почне да работи и сам да заработува за живот, а истовремено социјалната помош треба да е доволно ниска за да постојано, секој ден, примателот е заинтересиран и високо мотивиран да најде вработување и да се вработи, но во легалните текови на економијата.

Во основа луѓето претпочитаат да работат, отколку да примаат социјална помош. Но, кога станува збор за потешка особено физичка работа, а со исти или слични примања, кога социјалната помош е приближна по износ на минималната плата, тогаш дел од невработените приматели на таа помош може да се определат да не се вработуваат.

Првата работа која инвеститорите ја мерат кога доаѓаат со намера да инвестираат е дали во местото, во регионот, каде ќе инвестираат имаат доволно невработени лица кои сакаат да се вработат по одредена цена која инвеститорот може да ја плати, во вид на плата. Тоа не значи дека ако му требаат 1000 вработени, тој ќе биде задоволен со само 1000 невработени лица кои бараат работа. Напротив, тој би сакал да инвестира во средина каде има повеќе невработени, за да може да одбере поквалитетни вработени, ако некој го напушти брзо да најде соодветна замена, да не биде уценуван со напуштање на работното место и да не е на штрек дали ќе најде соодветен кадар по една, две или повеќе години.

Ова значи дека социјалната помош приближна на минималната плата, ќе има ефект да дел од примателите на помошта да не бараат работа, а тоа пак може да ги одврати потенцијалните инвеститори да инвестираат во многу места и со тоа, и оние кои сакаат да работат или кои не се приматели на социјална помош, нема да добијат вработување, бидејќи инвеститорот поколебан од малата заинтересираност, на пример, наместо во Прилеп или во Крушево, ќе инвестира во некој град во Романија, во Бугарија, Полска, Србија, Словачка итн.

Кратко кажано, ќе го загубиме инвеститорот, ќе загубиме на пример отворање на нови 500 или 1000 работни места, нема да се вработат многумина кои би се вработиле, а оние со социјална помош еднаква на минималната плата се уште ќе бидат на терет на буџетот, наместо самите да си заработуваат. Да не говорам за индиректните ефекти, со кои една нова фабрика, освен директните вработувања, дава работа и за други фирми кои и стануваат добавувачи, даватели на услуги или друг вид партнери, кои вработуваат нови работници за таа цел, што преставува индиректни вработувања.

Значи тројна штета: и повисоки даноци за вработените, и многу пари од буџетот за социјална помош, и немање доволно работници за потенцијалните инвеститори кои наместо во Македонија ќе заминат во друга држава.

Па сега размислете, дали нискиот и рамен данок кој привлече многу инвеститори и отвори многу нови работни места е популизам или демагогијата на СДСМ со повисоки даноци и наводно социјална помош еднаква или приближна на минималната плата.

 

Популистичкото водење на политиката во економијата отиде до таму, што правдајќи го рушењето на концептот на ниски и…

Posted by Nikola Gruevski on Thursday, April 12, 2018

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This