Груевски: Нека доброто го победи злото во секој од нас и во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нека доброто го победи злото во секој од нас и во Македонија, порачува во новогодишната честитка поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

-Среќна нова 2021 година! Нека донесе посреќен живот за сите во светот а воедно и во Македонија и дијаспората и се што е потребно за еден таков посреќен живот, од подобро здравје, мир, меѓусебна почит и радосни мигови во секое семејство, помалку нанесени зло и несреќи, па до повеќе успеси и победи, како индивидуални, така и колективни. Нека доброто го победи злото во секој од нас и во Македонија! Нека не опседне и води добрата мисла бидејќи одамна е познато дека какви ти се мислите, таков ти е животот… Нека Бог биде во нашите срца но и во нашите мисли кога носиме одлуки за себе и за другите, за пријателите и за непријателите, а оваа година самите да ја направиме посветла од она што повеќето очекуваме да биде, се вели во честитката на Груевски, упатена преку неговиот профил на Фејсбук.

Среќна нова 2021 година!Нека донесе посреќен живот за сите во светот а воедно и во Македонија и дијаспората и се што е…

Posted by Nikola Gruevski on Friday, January 1, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This