ГРУЕВСКИ: Не се бориме само да ги управуваме општините, туку се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Крива Паланка, пред граѓаните се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој кажа дека уште еднаш треба да се потсетиме каде бевме и каде сме сега, за да бидеме сигурни каде одиме.

-Наша основна заложба во изминатиот период беше отворање на нови работни места! Во Крива Паланка, бројот на вработени лица во 2006г беше 2.974, а на крај на 2016 бројот на вработени изнесуваше 5.224. Тоа се нови над 2.200 работни места во Крива Паланка.Изградивме нов плоштад во Крива Паланка, наречен „Карпошово Востание“ на кој се наоѓаме во моментов. Преку јавно приватно партнерство, во Крива Паланка  се изградија четири мини хидроцентрали на системот за водоснабдување од Калин Камен и Станечка Река со што Крива Паланка се вклучува и дава придонес во производство на електрична енергија од обновливи извори, а општината Крива Паланка има годишен приход од 70 илјади евра од оваа инвестиција, кои претходно никогаш не ги имала. Покрај тоа, бенефит од овој проект е изградбата на нов паралелен цевковод во должина од повеќе од 7 км, изјави Груевски.

Груевски потенцираше дека решен бил најгорливиот проблем со водоснабдувањето на граѓаните од високите зони во Крива Паланка, односно го изградивме  системот Висока Зона – Лев Брег. Дека е завршен и водоснабдителниот систем Станечка Река и го поврзавме на постојниот систем на фабриката за преработка на вода за пиење.

-Го доизградивме патот во село Градец од училиштето до Испосница на Св. Јоаким Осоговски. Изградивме и девет градски и приградски улици, како и мостот на Куков Дол. Ги изградивме и патиштата од магистралниот пат до место викано Штала во Конопница, патот од Деловодци – Кула – Црква во село Конопница, улицата Ацо Шопов во населба Лозаново и дел од локален пат во селото Кркља- Ловечка куќа – езерце Калин Камен. Пуштена е канализационата мрежа во Мождивњак, Дурачка река и Длабочица. Ја изградивме и канализацијата во месноста викана Бојанов Дол и веќе е во тек приклучување на корисниците кон мрежата, изјави Груевски.

Груевски кажа и дека ги реконструирале двете основни училишта и подрачното училиште во село Мождивњак, а во средното „Ѓорче Петров“ извршивме целосно обновување на спортската сала. Спомена и е реновиран и еден блок од Ученичкиот дом „Боро Менков“.

-Изградивме спортска сала, тениски терен, едно повеќенаменско игралиште на спортскиот комплекс и уште едно во село Конопница. Извршивме реконструкција на Здравствениот дом. Изградивме и доделивме 46 станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи. Санирано е свлечиштето во населбата Илинден, изјави Груевски.

Груевски кажа дека направени се сите подготвителни работи за проектот, се обезбеди финансирање, се е подготвено за изградба на експресниот пат со четири ленти од Ранковце до Крива Паланка

-Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата Македонија. Нашиот народ ќе дојде до соодветни услуги, услуги какви што заслужува, изјави Груевски.

Груевски кажа дека во новата ера за Крива Паланка носи многу нови проекти од програмата. Кажа дека е предвидена санација и изградба на патот во Трново, во Конопница од магистрален пат А2 преку Стублица до Лиска, пристапен пат од магистрален пат М2 преку Стамболици  до месност викана Крстата Падина, пристапен пат Мезовски Ливади– Градец и други.

-Ветуваме отворање на две детски градинки во Крива Паланка, од кои едната ќе биде во Конопница. Предвидуваме реконструкција на дел од водоводната мрежа во Крива Паланка. Предвидена е и доизградба на главниот фекален колектор за градот Крива Паланка по фази и изработка на проектно техничка документација за изградба на пречистителна станица. Ветуваме продолжување со изградба на коритото на Крива Река и изградба на ролерско-велосипедска патека. Предвидуваме изградба на спортска сала во основното училиште „Јоаким Крчовски“, две кошаркарски игралишта, а планирана е и реконструкција на основното училиште „Илинден“ во Конопница, изјави Груевски.

Тој кажа дека планирано е да се направи рекреативно пешачка патека, односно шеталиште покрај веќе изградениот локален пат Крива Паланка – с. Варовиште –Манастир Св. Јоаким Осоговски.

-Крива Паланка е единствена општина која има подготвено техничка спецификација за гасификација на  градот односно изведбен проект кој треба да влезе во државната стратегија за гасифицирање на Р. Македонија. Гаранција за сето ова дека ќе се исполни е Арсенчо Алексовски. Човек кој добро го познавате и со кој сте на сигурно, човек кој успеал во бизнисот и кој ќе продолжи да создава за Крива Паланка. Заедно со носителот на советничката листа Игор Тодоровски, фамилијарен човек, татко на две деца, се добитничката комбинација која ќе направи многу за Крива Паланка.

Тој кажа дека тие не се борат само да победат, туку и да ги освојат срцата и мислите на граѓаните.

-Не се бориме само да ги управуваме општините, туку се стремиме и понатаму да им служиме на нашите градови и луѓе. Сакаме да градиме градови во кои сите ќе живеат во мир, спокојство и среќа. Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија. Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија. Затоа на сите страни, градови и региони во Македонија, ние велиме само едно, со сите наши луѓе како еден човек, со едно срце, во еден глас: Секогаш работа, секогаш Македонија, изјави Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This