Груевски: Ние не ги забораваме луѓето, ние сме гаранција за силна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Остануваат уште само неколку дена и мигот на одлучување дали ќе продолжи слободниот пад или тој ќе биде сопрен, и ќе почне новата ера. Се приближуваме до 15-ти октомври. Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори., вашата одлука е многу важна – не е само, уште една обична одлука. Ние не гласаме само за нашите градоначалници, за нашите градови и села туку сите ние  заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија по 15-ти октомври, истакна Никола Груевски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Кратово.

Тој им порача на присутните граѓани дека нивната одлука е конечна и тие го имаат последниот збор.

-Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот на оваа земја. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата држава. Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови, сета радост, ентузијазам и возбуда. Нашата љубов е заедничка со нашиот народ. Нашата љубов е заедничка со нашата земја. Ние не сме едни од оние кои бараат гласови, ги добиваат и ги забораваат луѓето наредниот ден.  Ние не сме едни од оние кои ги бараат гласовите на граѓаните, а ја добиваат својата сила од други, кои имаат поддршка од друго место. Кои велат подржете за да продолжиме да работиме за други интереси. Ние сме партија и коалиција на граѓаните на Македонија, и ние сме гаранција за силна Македонија, нагласи Груевски.

Тој потенцираше дека работата и посветеноста остануваат нивна карактеристика, а за тоа сведочат многубројните реализирани проекти во изминативе 11 години.

-Истовремено зборувам и за јасно дефинирана и добро промислена визија. За тоа што во иднина ќе го направиме. Но за што зборуваат тие? Тие зборуваат со клевети, лаги и празни зборови.Нивната политика е политика на празни зборови. Тоа е политика на клевети и навреди.Тоа е политика на креирање тензии и заплашување, на многу афери, корупција, криминал. Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново – Ние не се плашиме од никого, ние сме ВМРО, ние сме Коалицијата „За подобра Македонија“. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Се додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо, дециден е Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека никогаш нема за застанат и да се предадат

-Ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите ветувања, да работиме, да нудиме проекти и решенија.  Тие не се способни да го прават тоа. Тие не се способни да даваат решенија и да создаваат проекти.  Видете што се случува, тие им велат на луѓето, ,,гласајте за нас”. Луѓето секако ќе ги прашаат ,,Македонија и нашите градови имаат проблеми. Што ќе преземете за тоа?” Кои се вашите проекти, ветувања, визија? Што велат тие? „Ние ветуваме воздух, граѓаните ќе добијат воздух.“ Тоа е потценување на народот. Нивниот главен проект е воздух. Благодарение на Бога, поредокот во природата ни обезбедува воздух. А Бог дарува и живот, а тие ветуваат и живот. Две работи кои не зависат од нив, токму тие ги ветуваат. Тоа е потценување. Нема да чуете решенија, нема да чуете идеи за подобар живот. Туку флоскули, апстрактни поими, нагласи Груевски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This