April 18, 2024, 11:42 pm

ГРУЕВСКИ: „Новата ера“ ќе донесе нови успеси, нови победи и нов напредок за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ немаше недела да не помине, а да не се слушне за набавка на некој крупен апарат во државата, да не се види дека се инвестира во здравството. Запрени се голем дел од проектите, се занимаваат со нас и се занимаваат со смислување на нови лажни ветување, истакна на вечершаниот митинг во Струга претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Затоа ние, гледајќи што се случува во овие четири месеци, додека тие се занимаваа со сите хајки, ние реживме да подготвиме нешто ново. Гледаме дека работата на овие нема да оди долго, дека се донесени да решат некои прашања кои ние одбивавме да ги решиме на начин што е штетен за Република Македонија и народот распознава разлика. Ние се свртивме кон она што е суштинско за народот, а тоа е да подготвиме стратегија, визијаза наредните 10 години за Македонија за развој во наредната декада. Таа визија на нарековме „Нова ера“ и подготвивме документ, нешто што ќе донесе нови успеси, нови победи и нов напредок, рече Груевски.

Тој додаде дека во документот се осврнале на сите поважни работи, но најмногу од се на економијата.

-Се предвидуваат во наредната декада, отворање на нови 150.000 работни места во Македонија. наспроти оваа безидејност и хаотичност во економијата, ние кои отворивме 173.000 нови работни места во минатите 11 години, предвидуваме во наредната декада нови најмалку 150.000 работни места. Во 2006-та во Македонија имаше 560.000 вработени луѓе. Кога заминавме имаше над 732.000 вработени. Тоа не падна од небо, на тоа некој работеше, со стратегија, со идеја, со посветеност, со одговорност. Новите 150.000 работни места ќе ја донесат Македонија во ситуација да влезе во група на земји што се со невработеност под 10 проценти. Кога дојдовме во владата невработеноста беше безмалку 40 проценти, кога излеговме ја оставивме со 22,5 % невработеност. Наредната декада ќе одиме под 10 проценти невработеност, нагласи Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека со низа на мерки, економски чекори, сиромаштија ќе се намали на три четвртини и истовремено невработеноста кај младите да се преполови.

-Да се инвестира во младите, најмалку еден универзитет од Македонија да влезе во првите 200 во светот според Шанхајската листа. Македонија во делот на основно и средно образование да влезе во првата половина на листата на Пиза и да се продолжи со инвестиции и отворање на нови работни места. Македонија да остане држава со најниски даноци во светот. Ние и сега сме држава со најниски даноци, СДСМ ни најавува зголемување, но со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во новата декада повторно Македонија ќе биде држава со најниски даноци во светот. Тоа е новата ера, наспроти помрачувањето кое ни го нудат, потенцираше Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This