ГРУЕВСКИ: Нови 5.500 пензионери в година бесплатно на бања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови 5.500 пензионери во текот на наредната година ќе можат да ја искористат услугата за бесплатно бањско лекување, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

 

 

– Од информациите коишто ги имам неделава завршува последната група пензионери кои користат бесплатен бањски престој и со тоа за годинава се заокружува бројка од 5.200 лица кои бесплатно отишле на бања или вкупно 38.000 од 2010 година кога започна да се спроведува овој проект, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на 10 нови наслови од едицијата за превод на илјада стручни и научни книги.

Тој посочи дека за наредната година според неговите информации веќе се резервирани средства во Буџетот за нови 5.500 пензионери.

– За овој проект од 2010 година до денес има огромен интерес кај пензионерите и големо задоволство од начинот на којшто се изведува. Анкетите кои ги прави Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека е многу висок процентот на пензионери кои се многу задоволни од услугата и би сакале повторно да ја искористат, нагласи Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This