ГРУЕВСКИ ОД КАВАДАРЦИ: Да им покажеме што значи љубов кон Македонија, што значи љубов кон својата татковина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сакам да се обратам до оние кои размислуваат да гласаат за некоја од оние помали партии, кои што од специјални причини се одлучија да одат сами, се одлучија да се групираат по две три партии во еден блок, иако знаат дека нема да добијат ниту еден пратеник, дека нема да успеат, но имаат други цели, имаат друга задача, истакна вечерва на митингот во Кавадарци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

gruevski_kavadarci_23

Тој посочи дека сите знаат дека тие коалиции на помалите партии се создадени наменски за овие избори.

-Затоа што некој мисли дека ќе ги прелаже граѓаните да се гласа за нив наместо за нас. Тие се дел од истата приказна и имаат улога на спотери, знаат дека нема да добијат ниту еден пратеник туку важно е да одземат од нас макар и 100, 200, 300 или илјада гласови. Тоа е нивната улога. Тие се наменски со задача. И затоа деновиве гледаме тип како оној Павле кој 10 години беше на власт беше во Владата, беше во владејачкото мнозинство, што го слушаме како говори дека, ова било режим и слични глупости. Па Павле десет години беше во тој режим што го нарекува сега режим. Што не излезе пред шест години, ако било режим. Што не излезе пред осум години. Нели ако било режим ќе се видеше, за шест месеци за година, за две и ќе речеше, добро ова е режим, треба да излезам. Него си седеше десет години во власта, сега кога некој го викна и му кажа дека има нова задача, нова улога, ја сврти плочата. Е сега, оваа не е добра Влада, ова е режим, јас ќе одам башка. Надвор ќе одам. Прочитана работа луѓе, како да ви кажам, и неверувам дека некој ќе се излаже да тргне по тие ситни манипулаторикои што кога ќе ги викне некој амбасадор на разговор се толку среќни што една недела не ја мијат раката што се поздравиле со амбасадорот. Тоа е Павле Трајанов и таа банда со него што се собрани таму, рече Груевски во своето обраќање пред Кавадарчани.

Груевски нагласи дека неговата улога и улогата и на другите мали партии е само да направат да се занимаваме со самите нас и тие одработуваат можеби не толку за Зоран Заев, некои го викаат сега во последно време и Зоки Зеколи, туку повеќе за сценаристите кои гледаат на нашиот народ како на бројка.

-Сите вие знаете дека гласот даден за овие мали партии што одат сами сега, со намена, они добро знаат што ги чека, е глас практично во празно и е дел од стратегијата да се одвлече вашето внимание од вистинскиот избор помеѓу нас ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, и СДСМ и нивната коалиција, односно, помеѓу мене како кандидат за претседател во Владата и Зоран Заев како кандидат. Ги повикувам сите кои размислуваат да гласаат за помалите партии без разлика колку сте на број, да се обединиме затоа што знам дека во вашето срце е Македонија и дека во вашето срце е и ВМРО. Едно е ВМРО! И ВМРО не се плаши од поединци и раководства и ВМРО не може да се сведе само на одредени личности, туку ВМРО е многу повеќе од тоа. Да им покажеме што значи љубов кон Македонија, што значи љубов кон својата татковина. Како треба човек да се бори за својата земја. Да се надмине, да ги надмине и некои свои лутини или незадоволства и во клучен момент за државата, да застане зад оној кој што недвосмислено се бори за својата татковина и за својата држава. А, што се однесува до помалите партии кои решија сами да одат, на сите им е јасно дека после нивниот пораз на овие избори и не освојување на ниту еден пратеник како што покажуваат анализите, малите партии кои одат сами и кои некој ги користи како инструмент, ќе заминат во историјата. Сите ние сме едно и сега не е време за лични суети, не е време за суетни одлуки, сега се работи за Македонија! А ВМРО секогаш кога се работи за Македонија историски се обединувало и било едно и се борело за својата татковина, потенцираше Груевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This