April 26, 2024, 11:07 am

ГРУЕВСКИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Да ја зачуваме заедничката цел која се нарекува Македонија

Поврзано

- Advertisement -
Направивме многу проекти во Свети Николе и ќе продолжиме да правиме и понатаму, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на големиот митинг во овој град.
- Advertisement -

-Со новата програма, со новата ера, се планира изградба на станица на отпадни води за целосно решавање на овој проблем, санација на речното корито на реката Поток, се планира изградба и реконструкција на повеќе улици, како и поставување на дигитални водомери со што ќе се намалат сметките за вода.

Груевски потенцираше дека ќе продолжат да инвестираат во младите.

-Се предвидува реконструкција на училиштето Даме Груев, реконструкција во повеќе училишта, како и целосна реконструкција на ученичкиот дом. Се планираат нови капацитети за најмладите, нова градинка во Ерџелија, реконструкција на градскиот пазар, изградба на трим патека и повеќе други проекти значајни за Свети Николе и светиниколчани.

Да продолжиме да градиме, додаде Груевски, за иднината на нашите деца и за денешните генерации.

-Да ја зачуваме заедничката цел која се нарекува Македонија. Нашата работа секогаш ќе биде посветена на вас, секогаш ќе се грижиме за вас и за Македонија. Заради сето ова, велиме гордо и јасно- секогаш работа, секогаш Македонија. Со пенкалото во рака на 15 октомври да одбереме работа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This