ГРУЕВСКИ ОД СТРУМИЧКО БАНСКО: На овие избори се гласа за две работи. Гласате за себе и за семејството, но гласате и за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проекти со кои се обезбедува зголемување на субвенционирањето во земјоделството, сточарството, за поддршка на развојот на руралните средини содржани во програмата „Реално“ презентираше денеска пред жителите на населеното место Банско лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и носител на листата за пратеници во 4. Изборна единица Никола Груевски

133462195-1

Во контекстот на денешната акција „Денот на дрвото“, во која и самиот засади дрвце, рече дека еден од новите проекти на новата влада по изборите ќе биде субвенционирањето од 70 проценти за набавка на печки на пелети со што, како што рече, ќе се овозможи замена на старите печки на дрва и ќе се придонесе за значително намалување на загадувањето. Со мерката ќе се кофинансира и поставување на системи на пелети и во институциите. Во овој контекст, информира дека во завршна фаза е проектот за изградба на фабрика за пелети во Струшко, италијанска инвестиција по пат на јавно приватно партнерство, вредна еден милион евра која ќе донесе и над 20 вработувања.

Во областа на земјоделството истакна дека освен тоа што ќе продолжи силната поддршка на земјоделството и руралниот развој, за што се обезбедени вкупно 600 милиони евра, македонските земјоделци ќе добијат поддршка од државата во висина од 80 проценти од трошоците за вградување системи „капка по капка“ и за набавка на високоприносен добиток, а ќе ја зголемат и поддршката од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација и подигање насади.

nikola-gruevski

– Високотехнолошките инвестиции во земјоделското производство, особено во оранжериско градинарско производство, ќе бидат поддржани преку програмите за рурален развој со кофинансирање на 60 отсто од трошоците. Ќе обезбедиме 90 отсто кофинансирање на малите земјоделски стопанства да се развиваат во поголеми. Ќе продолжиме со грантови од 10.000 евра за младите земјоделци кои првпат започнуваат да се занимаваат со земјоделство. Дополнително за млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство ќе бидат обезбедени за 10 проценти повисоки директни плаќања во однос на останатите категории корисници, а развојните проекти кои се поднесуваат за програмите за рурален развој и ИПАРД од страна на земјоделци помлади од 40 години ќе бидат привилегирани во процес на рангирање при изборот, рече Груевски.

Меѓу проектите тој ги издвои и продолжувањето на значителната финансиска поддршка од 60 проценти од трошоците за осигурување на земјоделското производство, субвенции од 6.000 денари по хектар за подигнување насади со брзорастечки плантажни дрвја. Особено ја потенцира мерката на рурални развојни зони која, истакна, претставува голема шанса за развој на македонските села и за отворање нови вработувања.

– Во наредните пет години во речиси сите македонски села и помали населени места под 5.000 жители секој што ќе инвестира во хотел, откупен центар, погон и друго, државата ќе му помогне со тоа што во првите 10 години ќе го ослободи од плаќање персонален данок на доход и добивка, со цел да се вработат луѓе во селата. Исто така, државата ќе покрие 10 проценти од трошокот за градење на погонот, а за секој вработен ќе може да добие грант од 2.000 евра. Ова се специјални услови кои се подобри и од слободните економски зони за инвестирање, рече Груевски.

Тој подвлече дека изборната програма „Реално“ е внимателно подготвена од експерти и нуди проекти во најразлични области, а она што е важно е дека со својата работа ВМРО-ДПМНЕ покажа дека стои зад дадениот збор и ги исполнува своите ветувања.

– На овие избори се гласа за две работи. Гласате за себе и за семејството, но гласате и за Македонија и за тоа во кој правец ќе се движи Македонија во наредните години затоа што гледаме дека другата политичка опција СДСМ најавува редефинирање на државата, двојазичност на целата територија и многу проблеми кои ќе произлезат од таа двојазичност. Затоа е важно да се внимава во кој правец ќе се движи Македонија затоа што се заговара и федерализација, кантонизација, а тоа значи дека во државата ќе има држави во држава, влади во секој регион коишто ќе одлучуваат речиси за се, вклучувајќи и можност да донесат одлука за референдум и референдум за отцепување на тој кантон. Нам не ни треба таа работа. Тоа е растурање на Македонија и тоа не смееме да го дозволиме. Затоа кога гласаш, гласаш за тебе и твоето семејство, но одлуката е и за Македонија. Да не дозволиме земјата да се движи во тој правец во кој сега Заев вели дека е време за двојазичност за проширување на Охридскиот рамковен договор, кантонизации и федерализации, нема потреба од такви работи. Живееме во оваа држава со векови и Македонци и Албанци, Турци, Роми, Власи…, си помагаме еден на друг и ќе продолжиме да си помагаме. Но, не ни треба да си правиме нови проблеми. Затоа на 11 декември масовно да излеземе и да му покажеме на Заев дека не се станува премиер со помош на некој од надвор, оти народот одлучува во оваа земја за идната влада, оти газда на државата е народот, рече Груевски.

Меѓу проектите од кои посебно значење во однос на подобрување на животните услови ќе имаат Струмица и околните населени места Груевски ја подвлече изградбата на експресниот пат Струмица – Радовиш која треба да започне во првите месеци од идната година, реконструкцијата на регионалниот пат Радовиш – Струмица, како и на други помали локални патишта.

За здравствените установи во Струмица нагласи дека ќе бидат набавени 125 нови медицински апарати во вредност од еден милион евра, дооформувањето и адаптацијата на струмичката болница во висина од четири милиони евра, како и проширување и обнова на постоечката канализациска мрежа на хидросистемот „Турија“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вети и изградба на нов затворен пливачки базен во Струмица со олимписки димензии, две повеќе наменски игралишта, тениски терени, четири кошаркарски игралишта, една фитнес зона, како и реконструкција на четири училишта и изградба на три нови спортски сали, ќе се отворат и две детски градинки со вкупен капацитет за сместување до 570 деца. Тој во областа на културата најави дека ќе биде довршена изградбата на стариот театар во Струмица, а ќе се изврши реконструкција и на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше средба и со жителите на населеното место Куклиш во Струмичко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This