ГРУЕВСКИ ОД ШАЛА ПРАВЕШЕ ПОДОБРА „МЕТЛА“ ОД ЗАЕВ: Ивор Мицковски со критики и навpeди за Заев и СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицкоски, остро го нападна премиорот Зоран Заев и неговата партија. Тој не штедеше навpeди за најавената чистка која ја најави Заев како и односот кон коалициониот партнер ДУИ.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

Ви текнува дека Груевски имаше „Нов бран“, се разбира тоа беше театар, ама лудакот пак прешалта некои 100 функционери, конвертити, корифеи и апологети.
Ги претумба.

Заев најавува цуц-муц некоја си реконструкција, 15 функционери ќе биле сменети, мали рокади, да зборам со Али, некаде накај јуни месец.

Абе вие не ја контате причата и пораката од првиот круг?!
Алооо, народ бара одговорност, бара кадровски измени, кој не работи совесно и добро, кој ја изневерил довербата, мора да си замине.

ДУИ мора да го срозите, да се откачите од тој канцер, тие уште глумат најчесни и најработливи во владата.
Као за пример, Оливер, Венко, Кочо, Бујар, Дураку, Бектеши, само од министри треба да ви летаат, Кирацовски ко ген-сек оти во сидро ви се имаат претворено. А видовме колку јако идете напред со сидрото.

Да не навлагаме во градоначалници или други именувани функционери, си ги знаете, и си знаете кој исто така испра раце дека не бил кадровик во СДСМ. Метла и за таа ужасна коалиција од султан партии што ја наследивте од Грујо и која ве одржава во живот.

Се тоа мора сега, за да ви даде шанса за предвремени во пролет, или идните регуларни, за нешто навистина да се сработи надвор од надворешна политика.

Можете и вака да терате, овој ужас уште две години, ова неработење да ви стане траен печат и после толку, ќе дојдат будалите по своето. Кога сте прости и затворени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This