ГРУЕВСКИ ОСТРО ГО ОСУДИ „РЕШЕНИЕТО“: Јавно отфрлив „Северна Македонија“ уште во 2009. година со далеку подобри услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-премиерот Никола Груевски остро го критикуваше договорот помеѓу Скопје и Атина околу името Македонија, тврдејќи дека називот „Северна Македонија“ го одбил уште во 2009. година

© AP Photo / Boris Grdanoski

 

„Јавно отфрлено во 2009. – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за внатрешна употреба, со промена на уставот, одрекување од дијаспората, историјата на АСНОМ, Илинденското востание и идентитет“, напиша Груевски на Фејсбук.

Реакцијата на Груевски следи по два дена откако премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор околу новото име – „Република Северна Македонија“.

Против ова „решение“ се противи опозицијата во двете држави, а Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов најави дека нема да потпиш закон со кој ова решение би станало правосилно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This