April 20, 2024, 12:53 am

ГРУЕВСКИ ПАК PACПАЛИ НА ФЕЈСБУК: Бугарија не може да прифати само Македонeц што се чувствува Македонец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Никола Груевски, во вториот дел од анализата „Вистината наспроти пропагандата“ зборува за вечната болка на Бугарија со Македонија.

Ви го пренесуваме во целост:

Втората карактеристика на пропагандата на источниот сосед и неговите апологети во Македонија, кога некој ќе им пружи аргументиран отпор, а не навреди и пцовки, потсмев и ароганција, туку аргументиран отпор на кој немаат соодветен одговор, е лепењето етиката дека си за Белград и Москва. Штом тврдиш дека Македонците не се и де факто никогаш не биле Бугари, тогаш ти велат дека си Србин, србоман и сл. и дека работиш за Русија, а може да ти залепат и дека си против интеграциите на Македонија во ЕУ.

Сведоштво за создадената нервоза од аргументирани одговори на историските невистини се и тврдењата деновиве од истите извори дека јас многу сум ги сакал Титовите комунисти и при срце ми било да ги заштитувам. Дури во еден момент правдајќи ги чекорите на Бугарија да не преземе ништо во Илинденското востание, опишувајќи дека истата се плашела од Турција, Русија, Србија и Австро-Унгарија од тоа време, наведувајќи го стравот од Австро-Унгарија како една од причините што Бугарија не се вклучила во Илинденското востание, истата ја доведуваат во корелација со мене, во смисла дека и таа држава многу сум ја сакал, а таа држава не постои цели 100 години.

Или кратко кажано, сите од кои се плашела Бугарија да интервенира во Илинденското востание и да помогне бидејќи, нели, народот во Македонија биле Бугари, сите тие јас многу сум ги сакал. Вклучувајќи ја и Османлиската империја со која во тоа време ВМРО се бори за да издејствува автономија и независност на Македонија.

Едноставно, можат сѐ, само не можат да прифатат дека Македонец, се декларира Македонец затоа што тоа се чувствува. А не заради Срби, Турци, Австријци, Бугари, Грци, Руси, Американци или не знам кој.

Инаку, кога веќе ја спомнуваме Русија, ако за некоја држава во Европа може да се каже дека е создадена со директна интервенција на царска Русија, тоа е токму Бугарија. Санстефанска Бугарија која никогаш не профункционирала во реалноста и само околу 4 месеци била на хартија е резултат на Руско -Турската војна во која Русите нанесуваат тежок пораз врз Османлиската Империја која е принудена да го потпише тој договор на 3-ти март 1878 година. Свесна дека другите големи сили нема да се согласат самата царска Русија да ја заземе таа територија и толку многу да се прошири се обиделе да направат своја сателит држава, а тоа е Бугарија. Но, другите големи сили го забележале тоа и се спротивставуваат барајќи нова мировна конференција без претходно да се спроведе на терен договорот од тогашното предградие на Цариград. Така ќе се прекројат тие граници и секоја од нив, поаѓајќи од свој интерес, доаѓаат на Берлинскиот конгрес.

Творец на Санстефанска Бугарија која ја слават овие кои ни викаат дека сме биле поврзани со Русија, само затоа што не прифаќаме да ни ја присвојат историјата, е Рускиот гроф Игнатиев, кого години подоцна во Бугарија го пречекале како цар. Добро е пропагандистите да си ги отворат учебниците од средно образование и да се потсетат кој е Александар Батемберг, царот ослободител на кого во Софија му имаат направено споменик. Кој ја ослободи Бугарија? Кој го помогна тоа? Русија.

Паралелно на тоа, ќе потсетам дека кога претставници на ВМРО подоцна бараат од лица од царскиот дворец на Русија поддршка за автономија на Македонија и за востание, тие се категорично одбиени и дадено им е до знаење дека Бугарија е нивниот избор и сојузник. Оттука, не ние Македонците, туку Бугарите имаат причина и сигурно барем интимно се благодарни на Русија за директното учество во создавањето на нивната држава.

Македонија единствено се има вклопено во позицијата на Коминтерната (здружение на комунистичките партии каде доминантни се Советите), која позиција е општа за сите и која ги обврзува комунистичките партии во сите земји (вклучително и КПЈ), по освојување на власта им дозволат самоопределување на малите нации. Ова било заземено како став со цел да го придобијат и мотивираат народот во тие земји и на тие народи да се борат на страната на комунистичките партии. Но, таква соработка и таква директна поддршка, во смисла со војна да ти направат држава „ексклузивно“ добила само соседна Бугарија, чии поединци на високи функции денес нам ни лепат Руски етикети.

Иако Санстефанскиот договор никогаш не се спровел на теренот и како државна творба никогаш не профункционирала, соседна Бугарија го слави како национален празник. Границите на Санстефанска Бугарија, денес опфаќаат територија на неколку држави: Турција, Грција, Србија, Романија, Косово и Македонија. Таквото прославување на непостоечка држава кое може да се толкува како територијални претензии не мислам дека е во духот на ЕУ. Таков празник не празнува ниту една друга членка на ЕУ.

На моето тврдење дека ниту еден Бугарски војник не учествувал во Илинденското востание, добив одговор дека 48 бугарски офицери, подофицери и еден генерал учествувале, дел од нив и по имиња наброени. Навистина смешно е да се каже дека наводни бугарски војници биле Протогеров, Тано Николов, Христо Чернопеев итн., кога се знае дека тие дошле како припадници на комитски чети, а не во бугарска униформа.
Никој од офицерите не влегол во Македонија со Бугарска униформа. Влегувале како Македонски револуционери. Давале оставки од офицерските чинови. Сарафов меѓу првите постапил така и ги повикал и другите да го следат.Во монографијата за Борис Сарафов на Проф. Др. Никола Жежов, има документи како Македонците ако се вклучеле во ВМРО, масовно си давале оставки од офицерството.

Пропагандистите говорат за некои маргиналци дека учествувале во Илинденското востание, како Јанков и Цончев. Тоа се невестини. Чакаларов го истерал Јанков од Костурско како врховист. Или Цончев… Поранешни врховисти можеле да учествуваат само ако се зачленат во ВМРО.

Исто така при аргументирањето напоменуваат дека во статутот на ВМРО била спомената Бугарска националност и даваат факсимили. Им порачувам, нека си ги погледнат статутите (уставите) од 1893 година, никаде не стои бугарска националност.

Во прилог фотографии од копиите од насловните и првите страници на Статутот од 1905 година, каде се наведуваат целите… Во членот 1 од статутот во 1905 година стои: „ВМОРО има цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување полна политичка автономија за тие две области“. Веќе во член 2 стои: „Организацијата се спротивставува на стремежот за делење и освојување на овие области од која и да е држава“.

Тука е очигледна и една манипулација од спомените на Др. Христо Татарчев. Деновиве некои Бугарски високи функционери цитираа што пишува во статутот на Бугарскиот револуционерен комитет, претставувајќи го како прв Статут на ВМРО. Имено, самиот Татарчев во спомените раскажува дека тој статут бил земен само како урнек а не бил статут на МРО: „…го земавме за образец (урнек) уставот (статутот) на Бугарскиот револуционерен комитет. Го натоваривме Поп Арсов, врз основа на тој Статут да изработи проект за нашиот Статут. На истиот состанок на долго се расправаше како да биде името на револуционерната организација и на комитетот. Тоа прашање ни одзема многу време и најпосле, како што паметам, го усвоивме називот: Македонска револуционерна организација, а комитетот – Централен македонски револуционерен комитет, а скратено Ц.М.Р.К…“

Бугарскиот образец од Захариј Стојанов бил УРНЕК, а не име.(Од делот на основањето подолу фотографии од текстот од Спомените за основањето на Иван Хаџиниколов).

Понатаму има и други манипулации во реакциите на моите јавно изнесени прашања за посебноста на Македонската нација од Бугарската пред 1944 година.Па така, зборуваат дека на фудбалскиот натпревар Македонија – Левски, пример кој го наведов во мојата реакција кон ставовите на г. Денко Малески, немало докази дека навистина масовно се извикувало „Долу Бугарија“. Нека си ги погледнат извештаите пратени во Софија на началникот на полицијата од Скопје од тоа време, па кои архиви се испечатени во книги, па потоа нека негираат.
Во прилог објавувам неколку фотографии од текстот на извештајот на полицијата во Скопје во време по одигрувањето на натпреварот:

Ќе издвојам мал цитат, за тоа што скопскиот регионален полициски началник известил во службата за државна безбедност во Софија по повод натпреварот Македонија – Левски:
„откако вториот гол даден од Левски не беше признаен од играчите на Македонија, натпреварот се прекина. Здивена, публиката извикуваше најпогрдни работи за софијците, се слушнаа извици „мајката бугарашка“, „Долу Бугарија“, „Горе Македонија“… Такво однесување на публиката беше констатирано и на првиот натпревар, иако на вториот се потенцира јасно антибугарско однесување од локалното население“.
Потоа тој констатира дека вложените напори во претходните 11 месеци за инклузивност на месното население како да се распадна со еден замав на тој натпревар.
После ова, пак ќе прашам, овие 7000 илјади Македонци во публиката, Бугари биле или Македонци?

Напоменувам дека Скопје е тогаш многу помал град отколку денес. По последниот попис од 1935 година Скопје имал 70 илјади жители, а веќе на следниот попис во 1948 година имал 102 илјади луѓе. Ако земеме средна вредност од овие две бројки, тоа би значело дека Скопје во 1942 година имало околу 85 илјади жители. Ова значи дека натпреварот го следеле околу 8,2% од вкупното население на Скопје. Во денешни услови, 8,2% од населението на Скопје е околу 55 илјади луѓе, за што би биле потребни безмалку два стадиони како Арената „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

Потоа тврдат дека фудбалерите на Левски немале фашистичко отпоздравување, туку тоа го направиле фудбалерите на Македонија предводена од тренерот Шпиц: Евреин кој дошол во Скопје бегајќи од фашистите… Ако било така, тоа сигурно ќе беше одбележано во полицискиот извештај.
А нели Бугарија не беше фашистичка: Кого поздравувале тогаш, кој и да го направил тоа?

Затоа одат со навреди. Кога немаш аргументи, почнуваат навреди, етикети, омаловажувања или лажни вести од типот дека јас сум нарачал некаков филм и безмалку сум бил негов режисер.

Говорат за бугарштина во ВМРО. Каква бугарштина?
Ако Ванчо Михајлов бил со нив, зошто не дошол во Македонија во 1941 година? Зошто полицијата ги следела припадниците на ВМРО? Колку влади се смениле од 1934 година па се до комунизмот, а 3 смртни казни и 9 изречени доживотни казни затвор на Ванчо Михајлов останале на сила се до 60-тите години на минатиот век? Од власта на Кимон Георгиев во 1934 г., период кога половина година Бугарија е во диктатура, па сите влади понатаму,… онаа на Ѓорѓи Ќосеиванов, онаа во војната на Богдан Филов итн., половина членство на ВМРО по 1934 година е во затвор и интернација низ бугарските градови. Зошто ги гонеле?

И десничарските влади, и тие во втората светска војна, и комунистичката влада по војната ја прогонувала ВМРО и поранешните дејци заради идејата за независна Македонија? Припадниците на расформираното ВМРО од Бугарските власти се следени непрекидно од 1934 година, преку Втората светска војна па се до комунистичкиот период. Да, покрај редица познати имиња на подоцна истакнати комунисти во Македонија, кои меѓу првите влегле во бугарските акциони комитети, имало и поранешни припадници на веќе расформираното ВМРО (Ѓузелов, Спиро Китанчев, Кирил Дрангов, Јордан Чкатров…). Но, биле под континуирана полициска присмотра и следење, а кај нив континуирано опаѓал почетниот ентузијазам.

Покрај овие клубови, имало и други организации од типот Браник, Легионер, ,,Отец Пајсиј,, …кои биле раширени меѓу младината со цел ширење на бугарскиот дух. Но, сите овие брзо се изживеале уште кон крајот на 1941 година откако народот видел дека има нов окупатор наместо ослободител. Ако толку убаво ја прифатиле бугарската власт и подоцна не се соочиле со разочарувања и покрај почетниот ентузијазам да преку фашистите дојдат до независна македонска држава, зошто Кирил Дрангов и Јордан Чкатров одбиле да прифатат министерски функции во бугарската влада околу 1943-44 година? На крајот Кирил Дрангов, инаку еден од замениците на Ванчо Михајлов, се самоубил за да не биде фатен од полицијата што го опколила неговиот стан, токму полицијата на новата комунистичка власт во Бугарија.

Тука изложувам неколку фотографии од полициски извештаи за следењето на поранешните високи претставници на ВМРО од страна на Бугарската власт во Македонија и недовербата кон нив, како и стравот дека можат сакале да создадат независна Македонска држава. Еве некои фрагменти од тие полициски извештаи приложени подолу: „Уште со востановувањето на бугарската власт во Скопје дојдоа повеќето од функционерите на ВМРО, кои под маската на добри Бугари, дојдоа да ги видат своите поробени браќа Македонци, започнаа да ги критикуваат дејствувањата на Бугарската власт и да агитираат меѓу населението за идејата за создавање на автономна Македонија. Познавајќи им ги скриените намери, многу познати на службите од минатото, истите веднаш беа ставени под непрекинато следење…“.

Потоа раскажуваат настани, како на пример следењето на Кирил Дрангов, Ѓузелов, Чкатров, скопскиот војвода Величко Вељанов Чичето и многу други како внимателно им го следеле секој чекор на панихидата за Борис Дрангов во црквата Св. Богородица во Скопје, како и подоцнежните движења во Скопско Црешево итн.
Понатаму кажуваат како во службата биле поднесени сведоштва дека Атанас Албански зборувал пред жителите на Скопје, дека кога бил кај Ванчо Михајлов во месец март, последно му кажал: „Сѐ ќе направам, но автономија на Македонија ќе извојуваме“. Албански дополнил пред слушателите дека Иван Михајлов можел да го направи тоа бидејќи бил поумен од царот, а народот не бил со царот туку со него.

Потоа го следат движењето на Кирил Дрангов, откако отворил адвокатска канцеларија во Скопје и го забележуваат неговото дружење со Шефки Рамиз, поранешен пратеник и еден од водачите на Турското малцинство во Скопје, за кого службата имала сведоштва дека работел за автономна Македонија заедно со локалните војводи. И.т.н., и.т.н.

 

Posted by Nikola Gruevski on Monday, May 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This