Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, на својот фејсбук профил одговори на многубројните повици да се огласи за ckандалите налик шпанска серија, кои ја тресат земјата.
Неговиот коментар, накратко може да се пренесе вака:
„Ве пpeдупредив“
Имено, Груевски во повеќе наврати прeдупредуваше за плановите на СДСМ и Заев и неговата изјава „мораме да ја свиткаме кичмата“, нагласувајќи дека СДСМ ниту биле, ниту се, ниту пак некогаш ѓе бидат патриоти.
Но сега, кога секој втор ден излегува нова афера, вели Груевски, човек навистина нема толку време за да ја коментира секоја поединечно. Тој додаде и дека нема намера да ги коментира оние кои секојдневно го навредуваа и омаловажуваа, а сега даваат откази, се оградуваат од шефот Заев и неговите скандали и лажни вести.
Тој додава дека е во искушение да застане во одбрана на Заев, кој некако, после секоја изјава успева да се заkопа се подлабоко.
На крајот, Груевски само додава, „Баравте, гледајте, памет во глава за во иднина“.