ГРУЕВСКИ: Промена на името и идентитетот е главната цел поради која СДСМ се донесе на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Промена на името и идентитетот е главната цел поради која СДСМ се донесе на власт откако во декември ги изгубија изборите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од Зрновци.

Тој вели дека постојат најмалку шест цели поради кои партијата на Заев стана власт во Македонија.

-Втората цел е договорот со Бугарија. Третата цел е да ја населат Македонија со мигранти, ние немаме ништо против тие луѓе, имаат мака, кога поминуваа низ Македонија им се помагаше, но ниту тие сакаат да се тука ниту ние можеме економски тоа да го поднесеме. СДСМ да се покажат пред некои други премиери и претседатели дека се добри, прифатиле да донесат огромна бројка на мигранти тука, да ги населат, да им дадат државјанство и трајно да живеат во Македонија. Четвртата работа е законот за двојазичноста кој е неуставен и го туркаат таков неуставен. Петтата работа е зголемувањето на даноците за кое ќе видите како ќе се почувствува, истакна Груевски.

Според него, шестата работа поради која СДСМ е донесена на власт, е создавање на атмосфера понатаму да има легализација на хомосексуални бракови и посвојување на деца од страна на тие парови.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This