April 18, 2024, 10:43 pm

ГРУЕВСКИ СВОЕТО ИНТЕРВЈУ ЗА ИНФОМАКС ГО ЗАПОЧНА СО ЦИТАТ ОД АРИСТОТЕЛ: ,,Несреќата им помага на луѓето да ги запознаат неискрените пријатели”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот македонски дисидент во независна Македонија, екс премиерот Никола Груевски своето ексклузивно интервју за Инфомакс го започна со цитат од Аристотел, обидувајќи се да посочи дека последните турбулентни случувања во неговиот живот и политичкиот пpoгон со кој се соочувал му помогнале да ги распознае своите вистински од лажните пријатели.

-Има една мисла од Аристотел која вели вака ,,Несреќата им помага на луѓето да ги запознаат неискрените пријатели”, бидејќи кога  ја немате таа несреча многу тешко може да ги распознаете. Има и една друга мисла вели ,,Кога си во неволја тропни на вратата на пријателот ако не ти отвори ќе ти ги отвори барем очите’‘. Да секако ова ми беше една добра можност да ги запознаам оние кои што не биле искрени пријатели, а не сум можел да ги запознаам во време кога не сум бил во оваа ситуација во која што сум сега. Неодамна ја прашав мајка ми како пријателите се гледаш ли доаѓаат ли? И даде еден многу едноставено одговор ама многу вистинит вели ,,Тие што се чисти и што немаат од што да се плашат тука се секој ден тие што нешто направиле и од нешто се плашат, се кријат ги нема”. Да не ги видат со мене па да почнат да ги истражуваат и слично. И во тоа има многу вистина.

 

Заклучувајки  дека токму ситуацијата во која се нашол му помогнала најмногу да созрее правејќи паралела со филозовските тези на Ниче ,,човек најмногу созрева кога е во мака”.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2176720795683612/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This