April 23, 2024, 11:57 am

ГРУЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: Апcења за дефоkусирање од pекетот, кpиминалот, неpаботењето и пpедавcтвата на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер и поранешен Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по полициската аkција и апcењата вчера. Во акцијата kaде беа упцени високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека со апcењата власта сака да се дефокусира јавноста од pекетот, кpиминалот, неpaботењето и пpедавcтвата…

“Вчерашното апсење како и сите претходни кон лица од опозицијата се политички нарачани и фабрикувани од СДСМ. Во исти манир како нивните комунистички предци по 1945-тата.

1. Ниту некој им верува ниту самите си веруваат дека ќе направат некој сериозен економски пресврт до следните избори како што најавија. Без подлога, еднократно во изборна година ќе зголемат плати во администрацијата, пензии, социјална помош и по некоја субвенција и горе долу тоа ќе е сѐ од “економските реформи и лекцијата по економија”. Таквите покачувања во многу потешки времиња, но со обмислена економска политика ние ги правевме на редовна база, плански, со точни пресметки и најавено со точни датуми неколку години однапред. Ова ќе биде ад хок, стихиен и очаен обид за собирање поени пред избори, па одкако ќе ги изгубат новата власт нека се снаоѓа.

Затоа како и претходно со старите удбашки методи се оди на нови и нови прогони, измислени кривични дела, фабрикувани случаи, апсења и изживувања.
Пренатрупани со афери, влегувајќи од грешка во грешка, се трудат со апсењата да постигнат два ефекти: првиот, да ја дефокусираат јавноста од секојдневните крупни и несватливи дури и за мали деца грешки и глупости кои актуелната влада ги креира секојдневно, да дефокусира од предавствата на националните интереси, непотизмот, неработењето, рекетот и криминалите со кои се преокупирани, и втората, да покаже некаква сила и важност со што всушност ги лечат своите комплекси и фрустрации од неуспесите на секое поле, освен сервилноста кон соседите каде што се покажаа многу “ефикасни”.

Има и трета, ама таа веќе не поминува кај народот: демек спроведуваат правна држава, во која тие се чесни, а опозицијата – криминалци и корумпирани.
Прочитани се веќе од сите, па дури и од нивните гласачи по тоа прашање.

2. Но дали знаете всушност зошто се уапсени оние 10-тина лица вчера?

Некаде прочитав немало аргументиран одговор. Па како ќе има кога тие што можат и знаат да аргументираат неправедно ги пикнаа во притвор токму за да не аргументираат пред јавноста.
Поранешната влада која ја предводев меѓу другото водеше политики кои создаваа сериозни растови во економијата дури и во години на светски, европски и домашни политички кризи.
Тие растови на економијата отворија 180.000 нови работни места што бројот на луѓе во Македонија кои се вработени го накачи од 560 на 740 илјади, пркосејки на многуте кризи кои ги набројав, а кои се погодија во нашиот мандат.

За таквото нешто спроведовме многу нови мерки и политики.
Една од мерките беше поттикнување на градежништвото, како јавното, така и приватното, како еден од сегментите кои го унапредуваат економскиот раст, но и растот на многу други гранки и отвораат нови работни места. Сектор кој влијае за унапредување на туризмот, индустријата, угостителството, земјоделството, услужните дејности и воопшто, на приватниот сектор, бидејќи секој нов изграден објект значи и нов бизнис, а најчесто освен привремените градежни работи значи и отворање на трајни нови работни места во ново изградените објекти, што и да се тие: хотели, трговски центри, деловни канцеларии, фабрики, земјоделски откупни центри, итн.

Во продолжение целиот пост на Никола Груевски:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This