Груевски се сретна со амбасадорката на Кина Лисјен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со амбасадорката на Народна Република Кина Јин Лисјен, на која како што информираат од партијата, било разговарано за за актуелната политичка состојба, ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на клучните прашања важни за Република Македонија како и соработката на економски план со НР Кина.

gruevski

На средбата присуствувал и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува во соопштението, на средбата било посочено дека народот станал исклучително свесен за состојбите и се она што ни се случува во последниве две до три години.

– За многу од работите кои СДСМ сега ги прифаќа, за време на изборната кампања не обвинуваше дека ги лажеме граѓаните кога посочувавме дека тие тоа тие би го прифатиле. Не само што го одобрија тоа во што се сомневавме туку прифатија и пообемна палета на мерки сместени во една платформа направена во соседна држава објавени од тамошниот премиер, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На состанокот, како што стои во соопштението, од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека целта на сето ова треба да се оствари со помош на СЈО која има исклучително политички, а не правни цели.  Се покажа дека  СЈО се претвори во инструмент за политички прогон засега насочен кон ВМРО-ДПМНЕ, а во корист на СДСМ и оние кои стојат позади нив во целата оваа операција, но тоа народот го препозна и затоа е огромниот револт кај граѓаните. Истовремено политичкиот инструмент СЈО се насочи и кон притисоци на медуми кои не се под контрола на СДСМ, што е уште еден доказ за задните намери во нивното работење.

Од ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека Македонија е мултиетничка држава и имаше принцип кој се воведе најподржананата партија од партиите за кој што гласаат етничките Албанци секогаш да оди во коалиција со најподржаната партија од Македонците, со цел нивната волја да не се занемарува и гази. Ако заради остварување на некои етнички цели македонските или албансите партии започнат со  непринципиелни договори и коалицирања меѓу победниците и поразените тогаш ќе се постави прашањето зошто воопшто се оди на избори и зошто воопшто Македонците и Албанците гласаат за својот фаворит кога мнозинството на граѓаните би останале занамарени, стои во соопштението.

– На средбата со амбасадорката на НР Кина беше истакнато дека понудени се два можни излези од кризата. Едниот е да имаме предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори и во тој случај СДСМ ќе има можност пред своите избирачи да ги престави сите делови од Тиранската платформа и доколку тие дадат мнозинска поддршка на СДСМ тогаш тие ќе може да си формираат влада без никој да има забелешки. Второто решение е можноста  која ја понудивме на СДСМ со цел да се избегне спроведувањето на Тиранската платформа, на СДСМ да се дадат на располагање сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на нивна малцинска влада. Тие до сега ова не го прифатија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците констатирале нагорен тренд на економска соработка меѓу двете држави што може да се забележи во повеќе сфери и области, и се постигна взаемна согласност дека потребно е дополнително искористување на расположливите потенцијали за зголемување на трговската и еконосмка размена.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This