ГРУЕВСКИ: Склучени се договори за градба на два студентски дома, за третиот избран е идеен проект

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што се однесува до новите студентски домови, можам да ви кажам дека за два веќе е избран градител, изведувач кој што ќе ги гради и потпишан договор за градба. Тоа е за студентскиот дом „Медицинар“ и за студентскиот дом во Тетово кој ќе биде во склоп на тетовскиот универзитет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарско прашање.

gruevski-izjava-640x445

За овие два студентски домови, нагласи Груевски, се направи проект, идеен, основен, се отвори тендер за градба, се заврши тендерот за радба, се избра градител, се потпиша договор и тој во наредните неколку недели треба да ја почне градбата на овие два студентски дома.

-Што се однесува до третиот, тоа е студентскиот дом во Карпош, студентскиот дом „Тодор Александров“, за него вчера колку што сум информиран извршен е избор на идејно решение, следува потоа потпишување на договор за изработка на идејно решение, веројатно и на основен проект и потоа ќе се пристапи кон тендерирање за градба, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази надеж дека СДСМ и новото мнозинство нема да ги прекинат овие проекти, затоа што, како што нагласи, се работи за капитални проекти за младите луѓе, ги тангира младите луѓе, оваа генерација, но и наредните генерации што доаѓаат, тие што се сега средно училиште или основно уилиште или пак оние кои што во наредните години ќе имаат потреба од студентски домови.

-Значи, од вкупно три, за два се завршија компетно сите процедури и се потпиша договорот за градба, додека за третиот во тек е процедурата на склучување договор за изработка на иден проект, рече Груевски.

Покрај ова, нагласи тој, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се заврши реновирањето на првиот и вториот блок, се реновираат следните два блока, се набави нов мебел за сите студентски домови во Република Македонија. Се набавија исто така и машини за перење и сушење на алишта, коишто студентите ги користат бесплатно.

-Од наша страна она што се ветуваше се постигна со максимално голема брзина, некои работи целосно се завршија, некои се на половина, некои се во некоја подлабока фаза. Неспорно е дека доколку ние ја направевме владата ќе ги завршевме, останува сега на волјата и на свеста на наредната влада да ги продолжи и заврши овие проекти, рече Груевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This