ГРУЕВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАИТЕ НА СЈО: Заев е единствениот сведок против мене за целиот случај „Титаник“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За случајот „Титаник“ има една изјава против мене, а тоа е изјавата на Заев каде вели дека смета дека на тие избори имало многу неправилности. Тој е единствениот сведок приотив мене, за целиот „Титаник“. Заев е сведокот кој против мене нешто зборува, вели Никола Груевски во интервјуто за ТВ НОВА.

Во однос на случајот ТНТ, Груевски вели дека тоа е политичка хајка против него и ВМРО-ДПМНЕ, а единствен „доказ“ за негова вмешаност во дивоградбата е изјва на Фиат Цановски кој изјавил дека верува дека јас стојам зад рушењето, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се случува со ТНТ? Ниту јас, ниту министерот за транспорт имаме ингеренции во рушењето на Космос. Дивоградбите се под ингеренција на општините. Таму се случува следното. Инвеститорот Фиат Цановски добива дозвола за градба. Постојат стандарди колку градежни места треба да има, односно дека се неопходни две нивоа под земја како подземни гаражи. Почнал да гради и дошле до вода. Тоа значи дека треба да употребат повеќе пари за да го решат проблемот што не е нерешлив, но сепак тој сакал да заштеди и одлучил да гради еден кат. Претпоставувам верувал дека има познанства и ќе издејствува да му биде променета градежната дозвола и да ги прескокне законите. Инспекторите виделе дека недостасува кат и изрекле документ дека има довоградба треба да се сруши. Тој се жалел на второстепена комисија, подоцна пуштил тужба, па побарал од општината промена на градежната дозвола, со што признал. Општината тоа не го прифатила зашто не е законски. Потоа Цановски оди по судови, губи и на крај објектот се руши. Постапката што СЈО ја води против мене е дека јас сум бил поттикнувач и во целиот предмет има само една изјава против мене, а нема докази. Фиат во изјавата вели дека верува дека зградата им е срушена од политички причини . Сето тоа не е во мои инегеренции. Единствен доказ е претпоставката на Фиат“, истакна Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This